Мијалков тврди дека нема да бега, Апелација одлучува за неговиот притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков  на денешната јавна седница во Апелацискиот суд на која се одлучува по жалбата за неговиот притвор рече дека не помислува на бегство и оти како и досега ќе ги почитива мерките изречени од Судот.

– Она на што Обвинителството ги темели барањата за притвор, што е и изнесено на седница пред овој Суд и изречените мерки јас најревносно ги почитувам. Мојот имот и останатите предмети, наводните мои контакти беа присутни и тогаш и сега. Тогаш пред овој Суд дадов збор дека нема да помислам на бегство и јас го одржав и затоа денеска сум тука. Јас и понатаму стојам на тој збор со сиот мој интегритет. Јас и тогаш кажав дека верувам во овој суд и затоа сум тука, изјави Мијалков денеска во скопска Апелација.

Апелација денеска одлучува по жалбата на одбраната на Мијалков за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2".

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи рече дека останува на писмениот поднесок против жалбата на Сашо Мијалков, со кој предлагаат жалбата да се одбие во целост како неоснована.

– Oдбраната тврди дека Судот погрешно и нецелосно ја образложил мерката. Морам да напоменам дека одбраната користи терминологија што новиот ЗКП не познава. Апсурдни се нападите на одбраната. Обвинителство нема потреба да докажува дека против обвинетиот Мијалков се вoдат други постапки за кои се одредени мерки, што е општо познато, изјави Фетаи.

Посочи дека пред Апелацискиот суд веќе биле изнесени и прифатени како основани причините што обвинетиот има имот во Чешка и поради функцијата што ја извршувал и контакти за постоење на опасност од бегство. – Од овие причини предлагам жалбата да биде во целост одбиена, истакна Фатиме.

Според Законот за СЈО, како што посочи, јасно е дека постои исклучива надлежност на СЈО по предмети кои произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите и тоа се однесува на сите судови на територија на нашата земја.

– Докажување на надлежноста на обвинителот во судството не постои. Постои само судир на надлежности. Без посериозен правнички напор може да се заклучи дека СЈО за сите предмети за кои постојат т.н. бомби има исклучива надлежност да постапува, истакна Фатиме.

СJO бара отфрлање на жалбите за сите обвинети како неосновани.

Адвокатот Шврговски во образложението на жалбата наведе дека определената мерка притвор е сторена со суштествени повреди, како тоа за опасноста од бегство образложена со една реченица. Според одбраната тоа не е дозволиво.

-Во нашата судска пракса не се случило за вакво дело да биде определен притвор со образложение дека против обвинетиот се води друга постапка. Апсурдно е за таков предмет да се одреди притвор и да се направи преседан, истакна Шврговски.

Според адвокатот Миле Петровски, основи врз кои е определен притвор не постојат.

– Судот знаеше дека обвинетиот беше спроведен од куќен притвор и според закон остануваше само еден основ што укажува на можно бегатво. Причина дека ќе се даде во бегство, бидејќи против него се водат и други постапки не може да биде. Во недостаток на докази за причини за опасност од бегство беше истакнат имотот и тоа што извршувал висока функција. Нема ниту една причина да се тврди дека постои опасност од бегство по изрекување на пресудата, истакна Петровски.

Бранителот Петар Василев рече дека постои правен апсурд, така што неовластениот тужител не образложи зошто е неопходен притворот.

-Одбраната не е виновна што неовластениот обвинител поднел обвинение 25 дена по законскиот рок за поднесување на обвинителен акт, изјави Василевски.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

Нападнат полициски конвој во Франција кој превезувал затвореник, кој побегнал со напаѓачите

Двајца полицајци загинаа, а тројца се потешко повредени во напад на полициски ковој кој превезувал затвореник во Франција.

Според извештаите на француските медиуми, по нападот затвореникот избегал заедно со напаѓачите. Инцидентот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа кај Руан, по што автопатот е затворен во двата правци. затвореникот требало да биде вратен во затвор, по судско сослушување.

Според засега не потврдени информации , тамошните медиуми пишуваат затвореникот заедно со напаѓачите побегнале со автомобил, кој подоцна бил пронајден запален, недалеку од местото на инцидентот.

Министерот за внатрешни работи на франција преку социјалните мрежи соопшти дека се трага по напаѓачите и затворнеикот, и дека се мобилизирани стотици полициски службеници.

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени . 

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Голем е интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат. Според поедините информации на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

Токсикологија: Разрешен директорот д-р Петровски, јавноста очекуваше разрешување на Илјази

Соопштение до јавноста на вработените на УК за Токсикологија.

-Ве информираме дека денес на 14.5.2024 година е разрешен медицинскиот директор д-р Данил Петровски кој во моментов користи годишен одмор, иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази, па јавноста очекуваше минимум нејзино разрешување, стои во дел од соопштението.

Во продолжение интегралниот текст од сооштението:

притисни ентер