Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЖивотМихаел Шумахер се подготвува за нова операција!?Малку се знае за состојбата на легендата во Формула 1 повредениот Михаел Шумахер . Седум години по тешката повреда која славниот возач во Ф1 ја заработи за време на скијање на Француските Алпи ретко кој може да каже во каква здравствена состојба е седумкратниот светски шампион во Формула 1. Но, сега по подолг период се појави нова информација. Следниот чекор во лекувањето е операција! Идејата е да се регенерира нервниот систем на Шумахер - рече францускиот кардиолог Филип Менаш, кој го лекуваше легендарниот шампион минатата година. Се очекува и овој пат познатиот кардиохирург да биде на чело на тимот задолжен за со третман со матични клетки, колку толку да се рехабилитира 51-годишниот Шумахер. -Седумкратниот светски шампион е цело време во кревет, неговите мускули се атрофираат, тој страда од остеопороза, повеќето од неговите витални функции се значително ослабени, па единствено решение е третман на матични клетки. - Во последните 20 години науката постигна сериозен напредок во процесот на третман со матични клетки, но тоа не го менува фактот дека сè уште знаеме малку за тоа како и на кој начин влијае на човечкиот мозок. Затоа, не можеме да кажеме какви резултати ќе донесе - рече италијанскиот неврохирург Никола Асијари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook