СветМигранти со различни предмети ја напаѓаат полската армија на границата со БелорусијаПолските војници на границата со Белорусија објавија видео на кое се гледа како гранка фрлена од белоруската страна удира во возило на граничната полиција, јавува Полско радио 24.„Како што можете да видите на ова видео, мигрантите фрлаат разни предмети кон полските служби од очај. Ја чуваме полско-белоруската граница за да спречиме нивната агресија да стигне до Полска“, напиша Втората механизирана дивизија од Шчеќин на социјалната мрежа X. Како што потсетува радио станицата, уште еден сличен инцидент се случил минатиот четврток, исто така во близина на полско-белоруската граница, во близина на градот Михалов. Според армијата, војник кој служел на границата со Белорусија бил нападнат од агресивен мигрант, кој бил приведен од граничната полиција, а обвинителството го истражува случајот. Вчера беше објавено дека состојбата на нападнатиот војник е стабилна, но тој во моментов не служи на границата. Пограничен офицер извести дека група од девет мигранти нападнале полски војници фрлајќи камења кон нив. Двајца од нив нелегално ја преминале границата, а еден од нив нападнал полски војник чиј „живот и здравје биле во опасност“. Според офицерот, „агресивниот мигрант бил приведен од граничната полиција, а на војникот веднаш му била укажана медицинска помош и бил префрлен во болница“. Jak widać na tym nagraniu migranci z powodu swej desperacji rzucają w polskie służby różnymi przedmiotami. 😱 My stoimy na straży granicy 🇵🇱🇧🇾, aby ich agresja nie wdarła się do Polski. @DowOperSZ @SztabGenWP @MON_GOV_PL @Straz_Graniczna pic.twitter.com/wjfUOaBMeK — 12 Szczecińska Dywizja Zmechanizowana (@12Dywizja) July 15, 2025 Тој нагласи дека нападнатиот војник „се бранел со сите можни средства“. Војникот е во стабилна состојба, но поради големот оток на очите и проблемите со видот, во моментов не е во можност да служи на границата. Повредениот војник е на должност, но не извршува гранични задачи, пишува Полско радио 24. Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го коментираше инцидентот. „Пред се, Полска беше нападната, а не мигрантот. Нападнат е полски војник. Јас стојам на страната на полската армија, на страната на полските војници и на страната на безбедна Полска“, објасни тој.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter