Мицотакис: Спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот

Се плашам дека беше грешка. Ќе има притисоци врз Франција за повторно да размисли.

Ако се погледне целокупната слика, спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера" во пресрет на неговата денешна посета на Рим, одоговарајќи на прашањето дали стравува дека француското вето за Македонија и Албанија, би можело да го дестабилизира Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Се плашам дека беше грешка. Ќе има притисоци врз Франција за повторно да размисли. Владата во Париз предлага план за одново разгледување на внатрешниот процес за интеграција и постојат некои валидни точки во она што го кажува Емануел Макрон. Но, ако се погледне целокупната слика, спречувањето на почетокот на пристапни разговори е дестабилизирачки фактор за Балканот, вели грчкиот премиер.

Мицотакис, денеска во Рим ќе се сретне со неговиот италијански колега, Џузепе Конте, а според грчки владини извори, една од темите за која што ќе разговараат ќе биде и европската перспектива на Западен Балкан и потребата процесот да остане жив.

Според истите извори, на средбата на двајцата премиери ќе стане збор и за гасоводите TAP и EastMed, а акцентот ќе биде посебно ставен на мигрантската/ бегалската криза и за координацијата што е потребна на европско ниво.

Конте и Мицотакис ќе разговараат и за билатералните односи меѓу Грција и Италија и за перспективата за нивно дополнително зајакнување, особено во економијата, трговијата и енергетиката и можноста за италијански инвестиции во Грција. /МИА.

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

притисни ентер