Мицотакис прогласи победа и најави нови избори во Грција - Канал 5

Мицотакис прогласи победа и најави нови избори во Грција

Убедлива победа на Мицотакис и Нова Демократија, дебакл за Ципрас и Сириза – ова е исходот од изборите во Грција. 

Мицотакис прогласи победа и најави нови избори во Грција

Неочекувано дури и за актуелниот грчки премиер, неговата партија доби 40 проценти од гласовите и 146 пратенички места во 300 члениот парламент, само пет помалку за да освои апсолутно мнозинство. Тој веќе го доби мандатот за да формира влада, но според најавите, експресно и ќе го врати зашто целта е да оди на нови избори кога повеќе од извесно ќе успее самостојно да формира влада, благодарение на новиот изборен закон кој во меѓувреме ќе стапи на сила. Новиот закон предвидува бонус од 50-ина пратеници за победникот на изборите.

-Цела Грција е сина денеска. Големо благодарам на сите кои работеа да се постигне оваа голема победа која ги надмина дури и нашите очекувања. - Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.

Изборниот резултат е изненадување за сите, со оглед дека анкетите предвидуваа шест отстотна предност за Мицотакис. Водството од над 20 проценти на Нова Деморкатија и Сириза е најголемата разлика меѓу две водечки партии од првите демократски избори во Грција по 1974 година. Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, резултатот го опиша како крајно негативен за неговата партија и најави и состанок на партиските органи за анализа на грешките во кампањата и подготовка за следната изборна битка.

-Изборниот резултат е крајно негативен за СИРИЗА, пред малку стапив во контакт со господинот Мицотакис и му честитав на победата, изборите имаат и победи и порази, нашите колективни (партиски) тела веднаш ќе се состанат за да ги оценат изборните резултати,- - Алексис Ципрас – Претседател на СИРИЗА.

Економијата, скандалот со прислушувањето и трагичната железничка несреќа во која животот го загубија 57 лица беа во фокусот на кампањата. Од пребројаните гласови, Нова Демократија освои 146 пратенички места, Сириза 71, Пасок 41 место, Комунистичката партија 26 и националитичката Грчко решение 16 пратенички места. Новите избори според најавите би се одржале на 25 јуни или 2 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер