Мицотакис: Немаме индикации дека ситуацијата на Блискиот Исток влијае врз грчкиот туризам - Канал 5

Мицотакис: Немаме индикации дека ситуацијата на Блискиот Исток влијае врз грчкиот туризам

Мицотакис потсети дека „Грција оди од рекорд до рекорд во туризмот“, но и дека успеале да ја продолжат туристичката сезона и да привлечат посетители од земји кои претходно не ја избирале Грција.

Мицотакис: Немаме индикации дека ситуацијата на Блискиот Исток влијае врз грчкиот туризам

Во моментов немаме никакви индикации дека актуелната ситуација ќе влијае врз нашиот туризам. Секако, мора постојано да бидеме во состојба на готовност, посочи премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Неос космос“ на грчката дијаспора во Австралија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потсети дека „Грција оди од рекорд до рекорд во туризмот“, но и дека успеале да ја продолжат туристичката сезона и да привлечат посетители од земји кои претходно не ја избирале Грција.

- Грција е безбедна земја, земја-членка на Европската унија. Можеби се наоѓаме во поширокиот географски регион и сме во близина на Блискиот Исток, но постојат и безбедносни растојанија, географски безбедносни растојанија од зоната на конфликт во Персискиот Залив. И секако, сметам дека во наредните месеци ќе постои целосна нормализација и во авионскиот сообраќај, објасни грчкиот премиер.

Во пресрет на Самитот на ЕУ, Мицотакис посочи дека дискусијата за тоа како самата Европа може да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, за т.н. европска стратешка автономија „се враќа во преден план секогаш кога се соочуваме со големи геополитички случувања“, но дека сепак, во фокусот ќе биде „потребата од справување со оваа краткорочна енергетска криза“.

- Сепак, нашето внимание на следниот состанок на Европскиот совет ќе биде насочено кон прашањата за европската конкурентност. Последиците од кризата во Заливот веќе се видливи, што веројатно го забележувате и во Австралија. Веќе има пораст на цените на горивата и многу е важно, не само како земја, туку и како Европа, да ги изградиме оние „заштитни механизми“, за во време кога општествата веќе се под притисок, да не бидат оптоварени и од додатни поскапување, дали на електричната енергија, дали на горивата, рече Мицотакис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евакуиран државјанин на Романија кај пештерата Врело на кањон Матка

На 11.07.2026 околу 21:20 часот во СВР Скопје Б.А.(58) од Романија пријавил дека се изгубил во близина на кањон Матка.

Евакуиран државјанин на Романија кај пештерата Врело на кањон Матка

Имено, Б.А. преку мобилен телефон испратил координати на кои било означено дека се наоѓа во близина на пештерата Врело. По преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје тој бил пронајден во шумата кај пештерата Врело во добра здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. 

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните  „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање...

-Се почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и кратко време сум живеел тука, а сега веќе 15 години живеам во Холандија. Едноставно се идентифкував со приказната, а кинематографијата има и еден магичен свет. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома. Филмот е за потрагата по корењата, а во тоа голема помош имав од соработниците-актерите Христијан Крстевски, Талија Ѓорѓиева и Тони Наумовски. рече Трпков.

Публиката во Дојран, синоќа имаше ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Станува збор за иранскиот филм „Коцкарот“, кој го турка иранското жанровско кино на смела нова територија како сајбер-трилер заснован на вистински случај на дигитална војна, допирајќи се до глобалните вознемирености околу податоците, довербата и невидливите непријатели.

Филмот ја демонстрира способноста на иранската индустрија да се движи помеѓу поетскиот реализам, интимната социјална драма, мета-кинематската носталгија, етичкиот хуманизам и висококонцептуалниот трилер.

Претходно беше прикажан македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи кај публиката. Станува збор за филм кој ја обработува темата за врсничкото насилство, мошне актуелна тема, за која како што рече режисерот треба да се зборува. Инспирација за филмот му бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија, но со оглед на тоа што и кај нас станува се почеста тема, Момировски истакна дека и родителите и училиштето и целата држава се одговорни и треба да влијаат тоа да не се повторува повеќе.

-Тоа е нов вид на насилство. За жал никако булингот да стане бајата тема кај нас, еве деновиве пак гледаме такви примери. Комплетно целото општество е одговорно и треба да влијаеме да немаме повеќе вакви случувања. Мораме сите да се вратиме на онаа филозофија декае потребно цело село за да се израсне едно дете, тоа ни е потребно и мислам дека треба да ги слушаме децата, да не ги запоставуваме и повеќе да им се посветиме, рече Момировски.

12 Јули НЕДЕЛА - Амфитеатар Дојран

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МРТВИ КОРЕЊА, режија Меглен Анжик Трпков / ХОЛАНДИЈА, МАКЕДОНИЈА

DEAD ROOTS / directed by Meglen Anzik Trpkov / HOLLAND, MACEDONIA / 2026 / 25 min

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

21:00 ОДРАЗОТ ВО МРТВИОТ ДИЈАМАНТ режија Елен Кате, Бруно Форцани / БЕЛГИЈА / 2025

REFLECTION IN A DEAD DIAMOND directed by Hélène Cattet, Bruno Forzani / BELGIUM / 2025 / 87 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:30 БАДНИКОВИ СВЕТИЛКИ, режија Ѓорѓи Лазов / МАКЕДОНИЈА

CHRISTMAS LIGHTS / directed by Gorgi Lazov / MACEDONIA / 2025 / 17 min

23:00 ЗА ЕВА, режија Бојан Василев / МАКЕДОНИЈА

FOR EVA directed by Bojan Vasilev / MACEDONIA / 2025 / 14 min

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Од УХМР информираат дека невремето се движи од запад кон исток!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер