Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика
2Средба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политика
БалканМицотакис: Нема да им се потчинам на теориите на заговор за трагедијата кај ТемпиНесреќата што предизвика национална жалост не треба да се сведе на алатка за партиски плановиНема да им се потчинам на теориите на заговор, ниту на популистички слогани и на инструментализацијата на колективната драма. Несреќата што предизвика национална жалост не треба да се сведе на евтин слоган и алатка за партиските планови, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Катимерини“, говорејќи за железничката несреќа кај Темпи пред речиси две години и истакна дека и граѓаните, но и државата бараат правда, јави дописничката на МИА од Атина. Посочи дека е потребно да се открие вистината, да се идентификуваат и казнат одговорните, а државата да ги пронајде пропустите за да може да се подобри. За новите три видеа што се појавија во јавноста, а на кои е товарниот воз снимен од безбедносни камери, кусо пред сударот со патничкиот воз, Мицотакис посочи дека вештаците кои го истражуваат случајот констатирале дека на товарниот воз немало запаливи материјали и, како што рече, ако се потврди автентичноста на видеата, тогаш се руши целото сценарио за „нелегален товар“, а со тоа и последните аргументи за „прикривање“. - Во период кога многумина директно го оспоруваат судството, имам двојна должност да подигнам заштитен ѕид за неговите службеници, а со тоа и за самата демократија, истакна грчкиот премиер. Во однос на масовните протести во Атина и останатите грчки градови на кои граѓаните побараа правда, Мицотакис рече дека секој на свој начин „ја изразува својата болка или своето барање за правда“ - Ги слушам овие пораки и често се согласувам, но, доколку се вистинити и засновани на реалноста, да се држат настрана од партиските задни намери и вон плановите за лична промоција. Во оваа смисла чувствувам дека граѓаните бараат вистина и правда. Нешто што го бара и државата, помагајќи на секој начин во работата на истрагата. Но, разбирам и дека јавното мислење бара од нас да ги направиме потребните промени за да не се повтори ваква трагедија. И токму тоа го правиме, нагласи Мицотакис. Железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, се случи на 28 февруари 2023 година, а за следниот петок, односно на двегодишнината веќе се закажани низа протести низ цела Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЛишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на часЛишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаСредба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставниците на Националната фондација за демократија и Институтот за европска политикаПретседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со претставниците на Националната фондација за демократија (НФД), Тања Драмац Јириес, заменик-директорка за Европа, и Ардита Абази Имери, програмска директорка во Институтот за европска политика (ИЕП), со кои разговараше за стратешките приоритети за наредните години, со посебен фокус на отвореноста на институцијата кон граѓаните и дигитализацијата на Собранието. За време на средбата, претседателот на Собранието ја истакна својата визија за давање нова димензија на Собранието и негово трансформирање во транспарентна и отворена институција водена од демократските вредности и принципи. Во овој контекст, тој ги информираше за достигнувањата во областа на дигитализацијата, зголемувањето на институционалната транспарентност и поголемата вклученост на граѓанското општество во парламентарните процеси. Претседателот, исто така, стави посебен акцент на важноста на проектите што ја трансформираа интеракцијата на Собранието со јавноста, истакнувајќи ја дебатната анкета, која ја опиша како еден од најуспешните и најпрофесионалните проекти спроведени досега. Овој процес, спроведен во соработка со Институтот за европска политика, овозможи директно вклучување на граѓаните во дискусиите за прашањата од јавен интерес, зајакнувајќи го дијалогот меѓу Собранието и граѓаните. Претставниците на НФД и ИЕП го оценија напредокот постигнат кон модернизацијата и отвореноста на Собранието и ја изразија својата подготвеност да продолжат да ги поддржуваат иницијативите и проектите што ја зајакнуваат демократската култура, политичкиот дијалог и граѓанското учество во парламентарните процеси. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенствоГрупната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот. Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија. Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција. Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули. Пинг-понгарска федерација на МакедонијаТагови: пинг понг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55