Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
1Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето
3Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканМицотакис: Не постои простор за соработка со ПАСОК по изборите на 21 мајМицотакис изрази увереност дека Нова демократија ќе победи на изборите в недела.Можноста за пост изборна коалиција со ПАСОК, целосно ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната прес конференција, а паралелно упати порака до Албанија дека случајот со притворениот кандидат за градоначалник од грчкото малцинство, може да има последици за европскиот пат на земјата, а ги коментираше и изборите во Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази увереност дека Нова демократија ќе победи на изборите в недела, но објасни дека и доколку математички е можна соработка со ПАСОК, сепак не би се формирала ваква коалиција, посочувајќи дека лидерот на партијата Никос Андрулакис неговата политика ја доближи до СИРИЗА. -Не верувам дека постои некаков простор во овој момент, по изборите на 21 мај да постои некаква соработка со ПАСОК, па дури и ако нумерички би можело да се формира Влада, која барем математички би добила доверба од Парламентот, истакна Мицотакис За скандалот со прислушувањата во Грција рече дека Владата и лично тој презеле политичка одговорност и ги направиле неопходните промени. На новинарско прашање за случајот во Албанија со притворениот кандидат за градоначалник од грчкото малцинство, рече дека она што се случи на два дена пред изборите е „неприфатливо и незамисливо“ и порача дека не прифаќаат отстапки од владеењето на правото. -Во случај Албанија да продолжи со ваквата политика, ова ќе влијае и на нашите билатерални односи и на патот на Албанија кон Европа. Нема да толерирам такви однесувања на товар на малцинството и секако не 48 часа пред изборите. Ќе го видиме изборниот резултат. Се надевам и навистина посакувам овој случај да се смири што е можно побргу. Ќе има значајни последици и во грчко- албанските односи, но ќе има и значајни последици на патот на Албанија кон европското семејство, кој ние како земја го имаме поддржано, порача грчкиот премиер. Во однос на денешните избори во Турција рече дека нема да го прогнозира изборниот резултат, ниту да фаворизира некој од кандидатите, го изрази ставот дека „турската политика кон Грција не е лесно да се смени преку ноќ“, но и надеж дека Анкара ќе сфати дека ќе треба одново да ја одреди односите со Западот, САД и ЕУ. -Јас лично, секако дека ќе му се јавам да му честитам на тој што ќе биде избран за претседател на Турција и сигурно ќе побарам средба. Ако е со господинот Ердоган, очигледно нема да биде прва, ако е со Киличдароглу ќе биде прва средба за запознавање за да ја поставиме рамката на нашите односи за следните години, рече Мицотакис. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБазенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањетоМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош. Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува. „Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт. Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето. Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски. Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија. Министерство за спортТагови: Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 - валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор - санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 - валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток! Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!Тагови: Еко-свест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter