Мицотакис: Ќе направиме сè што е во наши раце да ги вратиме оние кои немаат право на азил - Канал 5

Мицотакис: Ќе направиме сè што е во наши раце да ги вратиме оние кои немаат право на азил

Политиката на Владата е многу јасна: секој кој има право на азил во нашата земја е добредојден да остане во Грција.

Мицотакис: Ќе направиме сè што е во наши раце да ги вратиме оние кои немаат право на азил

Но, секој кој нема право на азил, ќе направиме сè што е во наши раце да го вратиме назад во земјата од која го започнаа своето патување, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес- конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека сега веќе е заеднички став во Унијата „дека не може да постои кохерентна миграциска политика без ефективно чување на надворешните граници и без да има ограничување на протокот на оние кои нелегално влегуваат во Европската унија“.

- Драго ми е што Европската унија се чини дека се движи кон втор приоритет што грчката Влада секогаш го поставуваше, а тоа е ефикасни враќања. Вистината е дека денес осум од десет нелегални мигранти во Европа, односно луѓе кои немаат право на азил, не се враќаат и остануваат на европскиот континент. И ова, очигледно, е нешто што треба да се промени, нагласи грчкиот премиер и додаде дека „нацрт-регулативата, како што е предложена од Европската комисија, е важен чекор во вистинската насока“.

Во однос на предлогот на ЕК за европската одбрана изрази задоволство, посочувајќи дека во т.н. Бела книга е вклучена и позиција на грчката Влада, но и дека го очекуваат конечниот текст „за да го знаеме степенот на буџетска флексибилност што ќе го имаме во однос на нашите одбранбени трошоци за наредните години“.

На новинарско прашање за случувањата во Турција, изрази загриженост и посочи дека „почитувањето на политичките слободи е клучна компонента на демократијата“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Со нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. 

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог.

Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови.

Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат

Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани

-Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип.

Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани.

- Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова.

Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази.

Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. 

Пукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington.

NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек.

Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа

Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот.

Жител: „Слушнав околу пет истрели“

Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој.

Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец.

Точните локации сè уште се утврдуваат

Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа.

Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер