Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на Договорот од Преспа кои предизвикуваат проблеми - Канал 5

Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на Договорот од Преспа кои предизвикуваат проблеми

„Гледам да ги подобрам аспектите на Преспа кои предизвикуваат проблеми. “

Мицотакис: Гледам да ги подобрам аспектите на Договорот од Преспа кои предизвикуваат проблеми

Предизборно направив сѐ за да го спречам договорот, но и со целосна искреност предупредив дека ако се потпише, ќе биде тешко да се поништи, сега гледам да ги подобрам аспектите на Преспа, кои предизвикуваат проблеми, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот „То Вима".

Како јави дописничката на МИА од Атина, во опширното интервју во денешното издание на весникот, Мицотакис, меѓу останатите теми, говори и за критиките дека по изборите го променил ставот за Договорот од Преспа и направил „салто" во конкретното прашање.

– Гледам да ги подобрам аспектите на Преспа кои предизвикуваат проблеми. Затоа, мојата влада ги поддржа производителите од Северна Грција да го обезбедат македонскиот бренд. Претходната влада не го стори тоа. Јас се видов со Заев и му реков: „види, сакам добрососедски односи, но нема да прифатам погрешни толкувања за идентитетските прашања што се поврзани со Грција". И секогаш поддржував дека треба да се задржи отворен европскиот пат на Западен Балкан. Каде точно е салтото? Оние што се повикуваат на тоа, веројатно се зашеметени од нивните салта. Јас останувам на мојата должност: со Договорот што веќе постои и економијата што одново застанува на свои нозе во Грција, работам за одново да добиеме лидерска улога на Балканот, вели Мицотакис во интервјуто./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми.

За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)

Синоќа, крузерот „Mein Schiff 3“, управуван од германската компанија „TUI Cruises“, се судри со два контејнерски брода при испловување од пристаништето Бремерхафен во северна Германија.

Крузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)

Според полицијата, крузерот удрил во два брода, иако од „TUI Cruises“ потврдија судир со само еден товарен брод, пренесува „Bild“.

Во судирот, еден од товарните бродови претрпе оштетувања на страничниот дел. Нема повредени, но патниците мораа да ја поминат ноќта на бродот, кој утрово сè уште се наоѓаше во Бремерхафен. Планираното 20-дневно крстарење до Канарските Острови е откажано, а на патниците им е препорачано да се вратат дома, објави утрово германскиот јавен сервис „NDR“.

Крузерот требаше вчера да исплови кон Канарските Острови. И покрај невремето, тој тргна од кејот „Колумбускаје“ околу 17:00 часот, со помош на влекачи. Сепак, набргу наиде на тешкотии во близина на контејнерскиот терминал. Според полицијата, силен налет на ветер околу 17:30 часот го турнал крузерот кон усидрените контејнерски бродови. И покрај помошта од влекачите, бродот не успеал да го задржи курсот.

Во тој момент, во пристаништето бил усидрен голем контејнерски брод, „MSC Victorine“; крузерот удрил токму во овој брод. На фотографиите се гледаат значителни оштетувања на неговиот страничен дел. Според полицијата, во инцидентот бил вклучен и втор контејнерски брод. Полицијата потврди дека и крузерот и големиот товарен брод претрпеле значителни оштетувања, иако точниот обем на штетата сè уште не е познат.

„Судир каков што никогаш претходно немале доживеано“

Кристијан Бреден, кој ги оставил своите родители – на возраст од 69 и 68 години – на крузерот, раскажа дека забележал проблеми уште при самото испловување. „Бродот стоеше во место неколку минути, на околу 30 метри од брегот. Не можеше да напредува против ветерот. Налетите беа навистина силни“, изјави Бреден.

Тој објасни дека пловилото потоа почнало бавно да се движи, а околу десет минути подоцна дошло до судир. Неговите родители биле во кабина на десната страна од крузерот – токму на онаа страна што удрила во товарните бродови. „Родителите ми рекоа дека ударот бил таков каков што никогаш претходно немале доживеано. Бродот се затресе и силно се заниша“, раскажа Бреден.

По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, што го потврди и компанијата „TUI Cruises“. Патниците останале на бродот преку ноќ додека експертите ја проценувале штетата. Според моменталните информации, нема повредени меѓу патниците или членовите на екипажот. Полицијата во Бремен продолжува да ги истражува околностите под кои се случил судирот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово

На 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република Косово

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер