Мицковски: Политичарите не треба да ги заведуваат граѓаните, туку да ги водат приципиелно, чесно и искрено

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред големиот број на присутни граѓани претседателот Мицкоски порача дека Република Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени туку водени од политичарите и тоа по траекторија која ќе биде исклучително темелена на принципиелност, чесност и искреност, односно како што нагласи тој овие три збора се многу значајни бидејќи се карактерна особина на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните на Република Македонија.

Нас не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните, вели тој.

Додека потпретседателот Мисајлоски додаде дека и покрај тоа што Македонија и граѓаните се наоѓа во едно тешко време, ВМРО-ДПМНЕ е познат по еден симбол а тоа е лавото, додавајќи дека колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува.

Кога многу граѓани или многу интелектуалци велат да се изгради став јас би им порачал вака „Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат бидејќи е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како ќе биде измачуван, прогонуван, зошто е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како се мачи тој и како ќе падне на колена и неговата глава, Но, јас морам да ви кажам нешто лавот кога е најдолу повторно секој има страв од лавот и тој се воздигнува и победува. Затоа борбата секогаш ќе продолжи. “, вели тој.

Мицкоски додаде дека во време на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните живеат многу лошо, потенцирајќи го економското цунами, покачувањето на акцизата за гориво, немањето на капитални инвестиции, безбедност на граѓаните е доведена во прашање, корупција, криминални тендери склучени во четири очи кое што резултира со осиромашување на граѓаните а богатење на партиските функционери, а на сметка на ова ги распродаваат националните и државните интереси и ја понижуваат Република Македонија и нејзините граѓани.

Мицкоски упати силна порака и им порача на граѓаните дека сето ова ќе заврши многу брзо.

Ќе заврши сето ова, ќе дојде 1-ви Октомври, ќе се разбудиме утрото и сите реални проблеми на нашите сограѓани ќе останат. Ќе остане проблемот како од 1-ви до 1-ви да се скрпи, дали некој наш комшија ја напуштил нашата држава, дали можеме да си го дозволиме ова, дали може да си го дозволиме она затоа што сме во без излез и затоа што нема алтернатива. Но, едно треба да знаеме сите ние или барем повеќето од нас дента кога се приклучивме на организацијата, се приклучивме затоа што знаевме и верувавме дека кога ќе дојде денот, кога ќе дојде историскиот момент, организацијата е таа којашто ќе се исправи и ќе застане во одбрана на националните интереси на нашата нација и на нашата земја, изјави Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Џенифер Лопез во чуден стајлинг на улиците на Њујорк

Светската музичка ѕвезда  Џенифер Лопез го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави. 

Без разлика дали станува збор за концерт, настап или улога во филм популарната Џеј Ло е присутна во медиумите и поради својот совршен моден стил.

Многу жени ги следат нејзините стајлинзи, бидејќи таа стана вистинска стилска икона и инспирација за многу трендсетерки.

Но, понекогаш се случува, како што е сега, дури „жешката Џеј Ло“, заведена од трендот, да направи моден кикс . Да се појави во јавност во стајлинг кој ќе добие повеќе негативни отколку позитивни коментари.

Мегапопуларната пејачка прошета по улиците на Њујорк во особено необична комбинација на фармерки, кои се сè само не убави. Моделот кој се наоѓа на полиците на познатите брендови, овие фармерки се хит меѓу ѕвездите, тие изгледаат искинато, валкано, но сега беа изборот на убавата Џеј Ло.

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер