Мицкоски: Заев се вози во БМВ од 100.000 евра, додека народот го пикаат во болници кои горат

„Зошто велам дека Заев и власта се најлошото? За тоа што тоа што се случува изминативе четири години навистина направија да сите ние се чувствуваме буквално најлошо. “

„Не само овде во Неготино, туку низ цела Македонија и тоа можете да го слушнете буквално од секој еден граѓанин. Ја започнаа оваа кампања за локалните избори со можеби најголемата лага досега што ја смислиле, а тоа е дека биле најдоброто во Македонија и најдоброто во секоја општина во Македонија. Како што впрочем прават сите овие четири години откако се Влада во Македонија", истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Неготино.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев единствено се најдобри по лажење и по крадење. Тука на СДСМ им нема рамен.

„За тоа што се најдобри во лажење и во крадење денеска Македонија е најкорумпираната држава во Европа, со најкорумпираните политичари во Европа, и тоа не го велам јас за тоа што сакам на тој начин да им мислам лошо туку тоа го велат реномирани и кредибилни европски институции. Никогаш во овие триесет години не сме имале покорумпирана и покриминална Влада од оваа која што денеска ја има", рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта на СДСМ се најдобрите предавници кои што некогаш се родиле овдека во Македонија.

„Се сеќавате на оние ветувања кога велеа дека ќе донеселе живот, ќе обезбедиле најдобри услови за работа на земјоделците, а вчера доаѓам од Ресен и таму некој ден пред, односно во понеделникот Зоран Заев се паркираше со најновото патничко возило од марката БМВ кое што верувале или не чини ни повеќе ни помалку точно 3 милиони килограми квалитетно ресенско јаболко. Точно три милиони килограми. Денеска еден килограм во Ресен се купува по два денари. Не е ни подобра ситуацијата во Тиквешијата, кај лозарите, го видовме нивниот револт, не е ни подобра ситуацијата во Кочани и кочанско кај оризопроизводителите. Буквално насекаде гледаме порази, насекаде гледаме понижувања. Далеку од тоа дека е најдобро, напротив најлошо", нагласи Мицкоски.

Мицкоски рече дека нема нарко бос на Балканот кој што нема македонски пасош, и тоа издаден од МВР предводено од Оливер Спасовски, најверниот слуга на Зоран Заев.

„Власта најлошо убедливо се справија со КОВИД во Европа. 14 луѓе живи гореа, 14 луѓе во тешка мака го загубија својот живот во Тетово, а нив мува не ги лази. Еве неколку недели поминаа, а нема ниту еден од нив не успеа достоинствено да се одважи и да понесе одговорност. Да речат да виновни сме, а виновни се. Зошто се виновни? За тоа што пуштија во употреба објект, пуштија во употреба болница која што наместо да лечи, стана пекол за пациентите во нејзе. Виновни се од првиот до последниот. Но, затоа пак за Зоран Заев нема вина таму, вели дека тој што треба прв да одговара денеска Венко Филипче бил најспособниот министер за здравство кој што некогаш го имала Македонија", истакна Мицкоски.,

Мицкоски додаде дека Заев се вози во БМВ од 100.000 евра, додека народот го пикаат во болници кои горат за две минути.

„Царот на границите“ на Трамп откри кој град е прв на листата за масовна депортација мигранти

Том Хоман, „граничниот цар“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откри дека најголемата масовна депортација во земјата, ќе започне во Чикаго.

Хоман, поранешен вршител на должноста шеф на имиграцијата и царината за време на првиот мандат на Трамп, ги изложи своите планови за отстранување на мигрантите кои илегално ја преминале јужната граница.

„Чикаго е во неволја затоа што вашиот градоначалник е лош. Вашиот гувернер е лош“, им рече Хоман на толпата на празничната забава на републиканците во која беа гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон.

И двајцата ги нарече „страшни“ и истовремено ги повика да тргнат по стапките на градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и „да дојдат на маса“ на разговори. Хоман, исто така, го предупреди Џонсон, кој вети дека ќе се бори против планот за депортација на администрацијата на Трамп, да не „го попречува“ во неговите напори.

„Ако не сака да помогне, нека се тргне од патот. Ако свесно крие или крие нелегални странци- ќе го гоним“, рече тој.

Хоман продолжи да објасни што подразбираат напорите на Трамп за депортација. Најпрво ќе бидат цел на мигрантите кои извршиле злосторства додека биле во Соединетите Држави - потоа легалните мигранти, вклучително и барателите на азил и оние кои влегле во САД на хуманитарен услов за време на администрацијата на Бајден.

Хоман во понеделникот рече дека ќе работи на проверка на статусот на барателите на азил и дека ќе ги уапси сите за кои ќе се утврди дека засолнува криминални мигранти. Тој, исто така, повтори дека нема план за раздвојување на семејствата, иако сугерираше дека тоа може да се случи.

„Мојата цел е да го спроведам законот, но ако се ставите во таа позиција, тоа може да се случи. Но, во оваа администрација во моментов нема план за раздвојување на семејствата“, рече тој.

„Сепак, ние ќе го спроведеме законот. Значи, ако се ставите во таа позиција, зависи од вас“, рече тој, додавајќи дека родителите на „сонувачите“ - децата на мигрантите родени во САД - имаат две опции.

„Можете или да го земете детето дома со вас или да го оставите да остане тука. Но, не добивате пропусница“, посочи тој.

Тој исто така рече дека оние кои нема да ги исполнат условите за азил ќе добијат наредба да бидат депортирани преку судскиот систем.

Чикаго има повеќе од 50.000 мигранти насобрани во Ветровитиот град од август 2022 година, а по изборот на Трамп минатиот месец, градоначалникот Џонсон го бранеше статусот на градот како „засолниште“ и рече дека нема да дозволи полицајци да им помагаат на федералните имиграциски агенти.

Во меѓувреме, гувернерот Прикер е во разговори со канцеларијата на јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, за да истражи какви правни ресурси или персонал ќе им треба за да ги оспорат политиките на Трамп.

Роботот „Оптимус“ на Тесла излезе надвор и покажа што може (ВИДЕО)

Tesla објави ново видео од својот хуманоиден робот Optimus кој автономно оди на отворено, што претставува значаен чекор во развојот на овој проект.

Видеото покажува како роботот се движи по нерамен терен, потпирајќи се единствено на сензорите вградени во неговиот систем. Овој напредок предизвика ентузијазам кај фановите, но потсети и на поврзаните технологии кои веќе ги видовме од други компании, како што е Boston Dynamics.

Илон Маск, извршен директор на Tesla, долго време го истакна огромниот потенцијал на роботот Optimus, нарекувајќи го „можност од повеќе трилиони долари“ за компанијата. Маск очекува дека Tesla во иднина ќе произведува десетици милиони од овие роботи годишно, со цел првите модели да им бидат достапни на клиентите веќе следната година. Цената по парче би можела да биде помеѓу 25.000 и 30.000 долари, според проценките на Маск.

Сепак, има сомнежи за вистинските способности на роботот. На неодамнешниот настан „Ние, робот“, Тесла не беше целосно транспарентен за фактот дека некои сегменти од функционалноста на роботот се контролирани од далечина. Сепак, компанијата редовно објавува нови информации за развојот на роботот, што покажува дека напредокот не забавува.

Во последното видео, директорот на проектот Optimus, Милан Ковач, истакна дека роботот користи напредна невронска мрежа за обработка на податоци за само 2-3 милисекунди и без употреба на камера. Роботот се потпира на други сензори за да одржува рамнотежа на предизвикувачки површини, како што е прекривка. „И јас самиот се лизнав на овој терен, што го прави овој подвиг уште повпечатлив“, додаде Ковач.

Овој напредок, иако импресивен, потсетува на видео објавено од Boston Dynamics пред повеќе од осум години, кое ја доведува во прашање оригиналноста на технолошките решенија на Tesla. Критичарите истакнуваат дека Tesla можеби не е пред конкуренцијата во однос на технологијата, но предноста може да лежи во нивната способност за масовно производство и ефикасност.

Tesla планира да ги искористи своите постоечки капацитети во областа на батериите и компјутерите за заклучување за да го оптимизира производството на роботи. Иако компанијата моментално стои зад конкуренцијата, долгорочната стратегија фокусирана на економската профитабилност може да ги промени односите на пазарот на хуманоидни роботи.

Optimus се уште е во фаза на развој, но потенцијалот за практична примена и поширока достапност ја отвора вратата за промени во начинот на кој ја замислуваме иднината на роботиката.

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

притисни ентер