СветАнкета: Дури 79 проценти од Германците се незадоволни од владата на Шолц Две третини од Германците се незадоволни од политиката на ниво на Европската унија, а дури 79 отсто од нив се незадоволни од владата на канцеларот Олаф Шолц, покажува истражувањето на Deutschlandtrend објавено денеска.Мнозинството критичари на ЕУ се меѓу гласачите на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и новата левичарска партија Алијанса Сара Вагенкнехт. 41 процент од Германците како најголем проблем го посочиле прашањето за имиграцијата, азилот и интеграцијата на имигрантите, пишува во анкетата на Deutschlandtrend. 51 отсто од нив сметаат дека решението за миграциското прашање би биле договори со Египет, Либан и Тунис, според кои овие земји би ги спречиле потенцијалните баратели на азил да патуваат во Европа, а за возврат би добиле финансиска помош од ЕУ. 79 отсто од граѓаните се незадоволни од владата, додека владејачките социјалдемократи уживаат поддршка од само 15 отсто од граѓаните (15 и 14 на ниво на ЕУ), а третата коалициона партија, Либералите, 5 отсто на домашно ниво ( 4 проценти на европско ниво), што ги става на границата на пописот. Опозициските демохристијани имаат поддршка од 31 отсто од граѓаните (30 отсто на европските избори), пренесува Н-ТВ. АфД остана на 18 отсто (15 отсто за европските избори), а партијата на Сара Вагенкнехт сепак ќе биде во парламентот со пет отсто (седум на европските избори), додека нејзината поранешна партија Левица е под прагот. In the recent Deutschlandtrend poll, which both asked for national and #EP2024 voting, the AfD scored 3% worse for the EP elections, whereas minor parties scored better. An effect of the lack of 5% threshold or Germans more reluctant to vote AfD into the EP? One to watch. pic.twitter.com/cICIFTyOci — Nicolai von Ondarza (@NvOndarza) May 3, 2024 Во истражувањето на Deutschlandtrend, над 70 отсто од граѓаните велат дека AfD треба да ги преиспита своите блиски односи со Русија и Кина и дека популарноста на партијата е намалена во последните месеци поради низата скандали, особено по апсењето на Максимилијан Крах, кој требаше да биде носител на листата на АфД на европските избори, поради сомневање за шпионажа во корист на Кина. Сепак, три четвртини од поддржувачите на АфД сметаат дека медиумите и јавноста отишле предалеку кога станува збор за критикување на Крах. Истражувањето покажало дека 34 отсто од Германците сметаат дека меѓународните конфликти се голем проблем, 21 отсто се загрижени за заштитата на животната средина и климата, а точно една петтина го гледаат слабеењето на економијата како проблем. Was während des #AfD-Umfragehochs der letzten Monate oft in Vergessenheit geriet: Bei über 20% hat die AfD ihr Wählerpotenzial ausmobilisiert. Fast drei Viertel schließen AfD-Wahl aus. Und bei Wahlen werden Potenziale ohnehin nicht komplett abgerufen. #DeutschlandTrend pic.twitter.com/gd3eGowCH3 — Johannes Hillje (@JHillje) May 3, 2024 Дојче веле наведува дека државниот буџет за следната година е клучен проблем. Либералите инсистираат буџетот да биде без нови долгови, додека СДП и Зелените инсистираат дека е неопходно ново задолжување. Јавното мислење најмногу се залага за опцијата за штедење, односно 54 отсто од нив, додека 40 отсто сакаат да се реформира уставното правило за задолжување. Доколку не се смени политиката за сопирање на долгот, која го ограничува јавниот дефицит на 0,35 отсто од бруто домашниот производ, се проценува дека државата ќе заштеди околу 30 милијарди евра. Дури 78 отсто од Германците сметаат дека не треба да се штеди на здравствената заштита и грижата за старите лица и тврдат дека треба да се зголемат расходите за овие потреби. На листата приоритети на Германците, пензиите (58 отсто сакаат зголемување на трошоците), поддршката за семејството и децата (55), одбраната и армијата (50), а на дното се интеграцијата на бегалците (17) и социјалната помош (10).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо Скопје променливо облачно повремени локални врнежи од дождДенес ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ХороскопДневен хороскоп за 23. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 23. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може сѐ да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. самците за сега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите работи се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33