Мицкоски:Заев не загуби зашто народот не ги разбрал бројките, туку Заев не го разбрал народот

Зоран Заев загуби затоа што тој не го разбира народот, а не затоа што народот не ги разбрал бројките на гласачкото ливче, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во општина Аеродром.

- До вчера власта ни велеше дека ја разбрала пораката, а денес го слушам во едно интервју од Зоран Заев, каде ни вели дека практично изгубил затоа што граѓаните не разбрале за кого да гласаат, па ги помешале бројките на ливчињата. Не знам дали верува во тоа, или тие околу него така го учат, но тоа е брутално потценување на народот. Заев не загуби затоа што народот не ги разбрал бројките, туку затоа што Заев не го разбрал народот, и кога го гледам ова негово бледо и исплашено делување, се повеќе ми оди да повторам дел од неговите зборови – се сеќавате на она - изгубен низ времето го барам семето, ја барам жицата итн. Ете тоа е вистината за Зоран Заев и неговиот game-changе кој е всушност станува неговиот game over, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека фалбите на Заев дека биле најдоброто нема врска со реалноста, затоа што народот е сиромашен, а го очекува и енергетска криза со која оваа власт не може да се справи.

- Кога сме кај реалноста, се поголем број на експерти го потврдуваат она што пред неколку месеци го велев, а тоа е дека не чека тешка енергетска криза и шокови кои може да направат сериозен удар врз економската стабилност на Македонија но и силно нагризување и на и така кревкиот животен стандард на граѓаните, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека добивме и официјална потврда дека покрај тоа што Зоран Заев, Љупче – Путерот, и останатите од владата си крадат на тендери, договори во четири очи, крадат и струја од регионалниот систем, повлекувајќи струја од системот, затоа што немаме домашно производство.

- Немаме домашно производство, а зошто немаме домашно производство, затоа што крадат. Тоа е суштината зошто ние денеска се соочуваме пред тешка енергетска криза која што сериозно ќе го нагризе нашиот животен стандард и ќе ја доведе под знак прашање егзистенцијата на граѓаните. Вчера ги слушнавме како велат дека едниот блок во РЕК Битола работел, па ќе го вклучиле другиот блок, па излажаа, па доцна во ноќта направија некакви обиди и денеска и двата блока работат како еден бидејќи се на половина снага", нагласи Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Утре се продава златниот часовник, најден покрај телото на најбогатиот патник на „Титаник“

Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот човек на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин во чамец за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник Waltham од 14 каратно злато, со врежани букви JJA. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти кога утре ќе се појави на аукција во аукциската куќа Henry Aldridge & Son во Девизес, Вилтшир.

„Астор е добро познат како најбогат патник на РМС Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рече аукционер Ендрју Олдриџ.

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер