Мицкоски за владата во заминување: Не може со својот народ да работат со манипулации

Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. 

И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.

-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:

-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата. Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

притисни ентер