Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка - Канал 5

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка

Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка или погрешна информација.

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката, очигледно е грешка

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава. Како што рече денеска, очигледно станува збор за некаква грешка или погрешна информација.

Според Мицкоски, од зголемените царини можеби поголеми ќе бидат секундарните фекти, а не директните кои Македонија ги има на билатерално ниво со САД.

Тој информира дека веќе се споредуваат податоците, а Владата е во контакт со Амбасадата на САД, Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп.

-Работиме со нашите партнери, САД, очекувам многу скоро да се корегира ова што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешна информација, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките. Сега се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп, а тоа беше дел од разговорите и на Муцунски и државниот секретар во Брисел, така што во периодот очекувам да се излезе од оваа состојба. Доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат сето ова со САД, тогаш ефектите би биле многу поголеми отколку сега примарните кои ние ги имаме директно, на билатерално ниво со САД, напомена премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за зголемувањето на капитациоскиот бод на матичните лекари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.

Почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“

Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри.

Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри.

По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура.

Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

​СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината.

Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт.

Ова е проблем што се провлекувал со години, додека Филипче и СДС управуваа со државата.

Прашањето кое треба да го одговорат СДС и Венко Филипче е што тие направија за да ги заштитат граѓаните?

Имено, на 15.09.2022 година имаме извештај во кој пишува дека водата не е безбедна за пиење, а ова е за Гостивар. На ден 07.10 месец подоцна, истата година 2022, додека СДС беше на власт, исто така водата не била безбедна за пиење, но тие не им кажале на граѓаните дека таа не треба да се конзумира.

Два месеци подоцна, 17.12.2022 повторно не е безбедна за пиење поради зголемен број на колиформни бактерии. Ова е време кога сдс е на власт. 21.12 истата година Гостивар. Одиме понатаму.

СДС на власт 24.03.2023 година 21.06.2023 во топли времиња СДС додека беше на власт не им кажа на граѓаните на Гостивар дека водата не е за конзумирање туку ги остави да се трујат граѓаните 05.07.2022 19.07.2022. Ова се документи кои стигнувале до Венко Филипче, но тој не наишол на разбирање.

Почитувани граѓани, овие документи биле доставени токму до Венко Филипче и институциите кои тие ги воделе. Тие располагале со информации, но зошто не ги информирале граѓаните? Тие знаеле за проблемите, но зошто не ги отстраниле?

Еве ако евентуално не знаеле како ја воделе државата. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места.

Граѓаните заслужуваат вистина и одговорност, а не политичко лицемерие.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Нејзината тежина веќе подолго време ја загрижува јавноста, но сега ситуацијата кулминираше.

Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“

Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата.

Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six.

„Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение очекува турнејата да ја заврши здрава, среќна и во голем стил, а потоа да си земе заслужена пауза од постојаните критики и преиспитувања“, изјавил нејзиниот претставник.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со Аријана Гранде?

Тој додал дека турнејата била прекрасно искуство за неа и дека неизмерно уживала во секој настап и во средбите со своите обожаватели.

Во меѓувреме, потврдено е дека Аријана се повлекува и од новата театарска продукција на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во кој следното лето требаше да настапи во лондонскиот Барбикан центар, заедно со актерот Џонатан Бејли.

Најголемата полемика околу нејзиниот изглед започна откако минатиот петок беше објавен видеоспотот за песната „Petal“. Во него Аријана се појавува во облека инспирирана од филмот „Brilliant“, по што социјалните мрежи се преплавија со коментари.

„Премногу е слаба и тоа е загрижувачко“, „Луѓето имаат право да бидат загрижени за нејзиното здравје“, „Буквално ѝ се гледаат коските“, беа само дел од реакциите.

Извор близок до пејачката ги отфрли шпекулациите и истакна дека Аријана е здрава.

„Настапите се физички исклучително напорни и бараат врвна кондиција. Таа секоја вечер настапува на највисоко ниво, здрава е и успешна“, изјавил изворот.

Според достапните информации, 33-годишната Аријана Гранде, висока околу 155 сантиметри, тежи приближно 48 килограми.

Извор: PageSix

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер