Мицкоски: Време е за промени, потребна е ефикасна и посветена администрација - Канал 5

Мицкоски: Време е за промени, потребна е ефикасна и посветена администрација

Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината ефикасност и посветеност кон граѓаните.

Мицкоски: Време е за промени, потребна е ефикасна и посветена администрација

Колку е подобро организирана, толку побрзо и поквалитетно ќе ги испорачува услугите. За жал, во изминатите години сведочевме на слабости, партизираност, неефикасност, недоволна компетентност на одредени кадри. Сега е време за промени, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација.

Како што информира владината прес-служба, Мицкоски истакнал дека нема веќе седење дома и земање плати и најавил дека Владата ќе се фокусира на одредени елементи во јавната администрација да ја направи поефикасна.

- Можам да соопштам дека нема повеќе луѓе кои седат дома и земаат плата. Се бориме за систем на заслуги наместо партиски влијанија. Професионалната администрација подразбира дека вработувањата и унапредувањата се засноваат на знаење, вештини и резултати, а не на политички или лични врски. Воведување транспарентни критериуми за селекција, тестирање и континуирана евалуација ќе гарантира дека само најдобрите ќе бидат дел од институциите. Континуирана обука и развој, светот се менува брзо, а со него и предизвиците во јавниот сектор. Затоа, нашите службеници мора постојано да се усовршуваат. Ќе обезбедиме програми за обука, размена на искуства со напредни администрации и воведување на најдобрите меѓународни практики, нагласи Мицкоски.

Премиерот најави зајакнување на етичката свест и механизмите за отчетност на администрацијата кон граѓаните.

- Дигитализација за поголема ефикасност е многу значајна. Современата јавна администрација мора да биде технолошки напредна. Ќе инвестираме во дигитални алатки кои ќе го намалат времето на обработка на барањата, ќе ги елиминираат непотребните чекори и ќе ја зголемат ефикасноста. Квалитетната администрација бара мотивирани и задоволни службеници. Тоа значи подобри работни услови, фер плати и можности за напредување врз основа на реални заслуги, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека јавната администрација е сервис за граѓаните и дека реформата мора да се спроведе ако сакаме европска држава.

- Ова не е промена што се случува преку ноќ, но е реформа што мора да ја спроведеме доколку сакаме модерна, европска држава. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не институција што ја кочи државата. Време е да создадеме систем во кој професионалците ќе ја движат администрацијата напред, порача Мицкоски.

Како што информира кабинетот на министерот за јавна администрација, анализата на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, усвојувањето на годишните извештаи за 2023 и 2024 година и презентацијата на наодите од оценската мисија на СИГМА за напредокот на Република Македонија во областа на јавната администрација беа во фокусот на втората седница на Советот за реформа на јавната администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор

Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.

Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор

Скопскиот кривичен суд информира дека судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода

Денеска е пуштена во употреба  целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода, по тој повод, општината организира целодневна програма под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“.

Мицкоски: Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода

„Добар ден и од мене, секој ден се трудиме дел од оние проекти коишто ги започнавме да ги завршуваме, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат.

Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода, туку и од градот Скопје, па и пошироко ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава.

Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на исклучително добрата и успешна соработка со градоначалниците на општината Кисела Вода и на градот Скопје, на министерот за спорт, на сите колеги од владата коишто ја препознаа целта на онаа наша иницијатива уште кога како влада го започнавме овој мандат пред 2 години, да преку трансфери кон општините помагаме за социјалниот развој на истите и да бидат додадена вредност тие трансфери во квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи на првата линија се општините.

Така ќе продолжиме и во иднина, и мене ми е исклучително големо задоволството кога ќ можеме да пуштиме во употреба еден ваков тип на објект, истакна во своето обраќање премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нотингем Форест сака добро да заработи од Сити за Андерсон

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити испрати усна понуда до Нотингем Форест за играчот од средниот ред Елиот Андерсон, објавува специјализираниот спортски портал „Атлетик“.

Нотингем Форест сака добро да заработи од Сити за Андерсон

Според истиот извор, првичната понуда на англискиот шампион изнесува 122 милиони евра фиксна отштета, додека со реализација на предвидените бонуси, вкупната вредност на трансферот би можела да надмине 139 милиони евра.

Управата на Нотингем Форест, сепак, не е подготвена да ги прифати понудените услови и бара поголема сума за да може дури и да размисли за продажба на англискиот интернационалец.

Клубот од Сити Граунд наводно сака фиксниот дел од отштета да го надмине британскиот рекорден трансфер од минатото лето, кога Ливерпул го доведе Александар Исак од Њукасл за 145 милиони евра.

Спортски портал „Атлетик“ вели дека ова е втор обид на Манчестер Сити да го потпише Андерсон, бидејќи првата понуда упатена претходно овој месец беше одбиена.

Андерсон (22) има договор со Нотингем Форест до летото 2029 година. Тој пристигна во клубот во 2023 година од Њукасл како дел од трансфер вреден околу 40 милиони евра, во кој голманот Одисеас Влаходимос се пресели во спротивна насока. Во тоа време, вредноста на младиот играч од средниот ред беше проценета на околу 17 милиони евра.

Англискиот репрезентативец набрзо се етаблираше како еден од клучните играчи на Форест. Во сезоната 2025/26, тој одигра вкупно 50 натпревари во сите натпреварувања, вклучувајќи ги сите 38 натпревари во Премиер лигата. Тој постигна четири гола и запиша пет асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер