Мицкоски во Виница: СДСМ води расипничка економска политика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Виница.

На средбата претседателот Мицкоски истакна дека во Република Македонија владее црнило и темнина, односно како што рече тој владата на СДСМ и Зоран Заев на граѓаните наместо живот за сите кои што им го ветуваше им донела чемер и јад, омраза, гнев, уцени и закани.

Мицкоски посебен акцент стави и на македонската економија, потенцирајќи дека владата на СДСМ води расипничка економска политика, додавајќи дека и самите граѓани го гледаат тоа.

Имаме црнила за земјоделците. Имаме црнила во економијата, во здравството. Имаме црнила во образованието. Луѓето се селат, Македонија се празни. Национално се опустошува. Парче по парче се разграба. Веќе имаме политичари кои се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата, а се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата затоа што не знаат како да ги организираат самите институции во рамките на Владата, вели Мицкоски.

Претседателот пред присутните објасни зошто Зоран Заев бега д ТВ дуел и јавно соочување со него пред граѓаните на Македонија. Според него, граѓаните имаат право да ја слушнат вистината за неспособноста и негрижата од страна на Зоран Заев и СДСМ за граѓаните.

Како опозиционер се перчи гордо излегува и кажува луѓе дајте да имаме дуел, дебата меѓу опозицијата и премиерот, а еве сега кога им бараме дебата да излезат заедно, рамо до рамо со овие кои што им се приклучија да ги избрифираат да им кажат за нашите вмровски работи, па и за тоа да збориме. Да збориме и за сите овие промашувања и шарени лаги во програмата „Живот", еве гледаме сега не сакал да излезе, вели нека го каже Христијан Мицкоски неговиот став за договорот и за НАТО и за ЕУ, а досега едно сто пати сме го кажале нашиот став за договорот, сме го повториле и не знам што треба уште повеќе да кажеме дека строго ќе бидеме, сме биле и ќе останеме против Преспанскиот договор. Повеќе од тоа, појасно и погласно не знам што треба да направиме.

Но стравот е голем затоа што знаат дека ја губат поддршката од народот, знаат дека се што ветија излажаа, народот тоа го препознава. Играа на картата на кратко помнење, но тоа ќе им се удри од глава веќе на следните претседателски избори, заврши Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер