Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина - Канал 5

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Последен ден на Минхенската безбедносна конференција на која присутна е делегација од земјава предводена од премиерот Мицкоски..

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Европа и САД се пријатели но мора да се знае кој какви одговорности има во тоа партнерство. Ова според премиерот Христијан Мицкоски е заклучокот од пораките од 62та Минхенска безбедносна конференција на која тој ја предводи македонската делегација. Во интервју за националниот сервис, Мицкоски рече дека за разлика од лани кога пораките од конференцијата биле подиректни, годинава се како што рече во „позавиена“ форма но со иста суштина.

„А суштината е дека мора да се знае кој каква одговорност има и визави одговорноста кој е тој којшто ги владее придобивките од таа одговорност. Тоа е суштината на пораки од минатата и од годинава. Заклучокот е дека Европа и Америка се пријатели но мора да се знае какви одговорности има во тоа пријателство и партнерство.“

Зборувајќи за билатералните средби меѓу кои и со претседателот на ЕС Антонио Кошта и холандскиот премиер Дик Схоф на кои се разговарало и за евроинтеграциите Мицкоски рече дека целта е да се раскаже македонската верзија на приказната и предизвиците со кои се соочила земјава.

„Ние како македонска Влада каде и да одиме се бориме за она за коешто веруваме а тоа е да ја раскажеме нашата верзија од приказната која според нас е вистинита. Да кажеме за сите оние предизвици со кои како народ како држава ги поминавме изминатите децении, кога станува збор за евроинтегративниот процес. Дека се бориме, дека оваа генерација сака да се бори, дека за нас членството во ЕУ не е милост туку е нешто коешто одамна го заслуживме, да укажеме на сите би рекол неправилности, да укажеме на сета неправда којашто ни е нанесена и како народ и како држава, но истовремено и да потенцираме дека суштината е да не се сруши имиџот на самата ЕУ. Имаме чувство и македонските граѓани чувствуваат фрустрации и имаат чувство дека некој од самата ЕУ од внатре како да сака тој имиџ и тој кредибилитет да го уништи. “

За време на Минхенската безбедносна конференција Мицкоски оствари и неколку економски средби. Претходно тој се сретна и со специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Ричард Гренал, а вчера попладнето и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На средбата со Зеленски станало збор за актуелните безбедносни предизвици во Европа и потребата од единство и солидарност. „Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа. Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба“ напиша Мицкоски по средбата со украинскиот претседател Зеленски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски

Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

​Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите

Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата.

Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.

Немир, анксиозност и срцеви проблеми

Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење.

Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност.

Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе

Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите.

Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години.

Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата.

Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Стениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор.

Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“

Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош.

Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот.

Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“

Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда.

Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба.

Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување.

Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса.

Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција.

Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом.

Извор: vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер