Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа - Канал 5

Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа

Во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски пред Ургентниот центар Мајка Тереза во Скопје, каде ги посети повредените во катастрофалниот пожар во Кочани.

Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа

Премиерот нагласи дека самиот овој податок е алармантен и додаде дека и од тие 12 можеби некои не се валидни, со оглед на тоа дека лиценца се вади за една година.

-Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во државата, само 12 поседуваат лиценци и тоа од тие не знаеме кои се сеуште валидни, бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал. Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи Мицкоски.

На новинарско прашање дека дискотетката „Пулс“ во која избувна пожарот, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени, работела веќе 15 години низ кои се менувале повеќе влади и каде ќе се се лоцира одговорноста, Мицкоски одговори дека овој клуб само два пати извадил лиценца во 2021 и 2023 година.

-Цело време работеле или без лиценца, а прашањето е тие што му потпишале во '21 и '23 како му потпишале и врз основа на кои елоборати и документи му потпишале во '24. Видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститори. Тука повторно ќе кажам да им одговорам на оние што прават полноќни прес-конференции. Тука нема политика, ќе одговарате сите кои сте се дрзнале на овој начин да водите политика на грбот на граѓаните и на животите, кои овие деца ги изгубија и нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство од тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме и тоа треба да го знаат, рече Мицкоски.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши синоќа беше повикан во полициска станица на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

По неговото повикување на информативен разговор прес-конференција доцна синоќа пред пред полициската станица „Карпош“ одржа потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, на која истакна дека целосната морална материјална и кривична одговорност за оваа трагедија не може да се бара на ниедно друго место освен во самата Влада, Министерството за внатрешни работи и Општина Кочани. Тој ја обвини актуелната власт дека наместо сплотеност и солидарност покажала политиканство, градејќи преку своите медиуми, наратив дека ДУИ е виновна за се.

-Уште во утринските часови кога пристигнуваа првите информации од Кочани медиумските јастреби на владејачките партии почнаа да ги ставаат темелите на големиот спин којшто во текот на денот се разви во официјален наратив на Владата, рече Адеми.

Именувајќи конкретен портал, тој рече дека уште во 9 часот почнала да се развива теорија дека зад настанот во Кочани стои некој Албанец, за потоа откако „други провладини портали ја објавуваат истечената лиценца од 2023 година, ја бришат веста за да после неколку часа ја објавуваат веста за некоја фалсификувана лиценца како главен столб на владиниот спин наратив“. - Ова не им служи на меѓуетничките односи, рече меѓу другото Адеми.

Мицкоски вчера на прес-конференцијата во Владата истакна дека објектот кадешто се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

-Со сиот ризик дека можам да влијаам на истрагата, еве вака изгледа лиценцата - потпишана од тогашниот државен секретар. Но истата лиценца изгледа и вака - Само разликата е во тоа што првите два броја што во првиот случај се 51, а во вториот се 15, под истиот архивски број, а замислете, таму е заведен документ дека е комуникација со странски инвеститор, а сопственикот на локалот ги има овие документи, рече Мицкоски, поажувајќи ги пред новинарите двата документа.

На новинарско прашање, потврди дека станува збор за лиценца за кабаре. На прашањето пак, иако станува збор за фалсификувана лиценца, нејзината важност завршила два дена пред да се случи пожарот, Мицкоски рече дека тоа е во зависност кога влегла во сила но архивскиот број е од 13.03,2024, што, како што, рече значи дека на 14.03.2025 таа била истечена. На прашањето дали ќе го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, вели дека не постои таков документ во кој се вели дека ДПИ е надлежен 365 дена во годината.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека за целиот случај се осомничени повеќе од 22 - 23 лица. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како што рече министерот, дискотеката не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект чија намена е лесна индустрија, а не угостителство.

Тошковски најави дека во текот на денов, по наредба на јавен обвинител, ќе се врши претрес во домот и патничкото возило на сопственикот на дискотеката и во службените простории на книговодственото биро кај одговорносто лице, а ќе бидат приведени и голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР. При извршени претреси, пак, во дом и службени простории на две лица од Министерството за економија, напомена министерот, се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција,.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

 Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија

На средбата, како што објави Петрушевски на неговиот фејсбук профил, изразиле заедничко задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу нашите две земји.

- Ја истакнавме одличната соработка меѓу Владите и министерствата за внатрешни работи и ја потврдивме подготвеноста за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување. Упатив благодарност за досегашната силна поддршка и квалитетната соработка со Романија, која е на високо ниво, напиша државниот секретар во МВР.

Петрушевски на средбата потенцирал и колку е важна континуираната регионална соработка и брзата размена на информации, особено во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти и тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврдила поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија и изрази подготвеност за помош во конкретни области од заеднички интерес.

- Разговаравме и за нашето заедничко учество во меѓународни и регионални иницијативи, организирањето обуки во претстојниот период и можностите за понатамошен развој на билатералната соработка, објави на фејсбук државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски.

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Артилериски проектил од Првата светска војна бил пронајден во атарот на струшкото село Калишта, соопшти денеска СВР Охрид.

Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта

Според информацијата, вчера во 11 часот и 20 минути во ОВР Струга било пријавено дека екипа на ЕВН Македонија, при изведување работи во атарот на струшкото село Калишта, пронашла стара граната.

- Од извршениот увид констатирано е дека се работи за артилериски проектил од Првата светска војна, калибар 105 милиметри и една чаура со каписла калибар 105 милиметри, стои во соопштението на СВР Охрид.

Пронајдените предмети безбедно биле подигнати од овластени претставници на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Пеце Стојковски, потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Комората на органски производители, Драги Цветковиќ.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Со потпишувањето на документот се создаваат услови за поголема и динамична институционална соработка меѓу Агенцијата и Комората, изјави за МИA, директорот на АПРЗ, Стојковски.

-Меморандумот со Комората на органиски производители е со цел унапредување на органското земјоделство, поддршка на производителите и заедничко делување во креирање на регулативата. Веруваме дека со вакви партнерства повеќе и подобро се придонесува за поодржливо земјоделство, истакна Стојковски.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потсетуваат дека до 9 мај отворен e повикот за сите млади лица што се заинтересирани за започнување со земјоделска дејност дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.

-Поддршката е наменета за млади кои за првпат започнуваат со земјоделска активност, млади кои преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство, и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Предност имаат жени млади земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско ветеринарно образование и баратели со инвестиции во механизација, опрема за преработка и сточарско производство, потврди директорот на АПРЗ, Стојковски.

притисни ентер