Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот на таа партија Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека доколку парламентарното мнозинство донесе одлука, партијата што ја предводи, е подготвена и за предвремени парламентарни избори.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени или редовни парламентарни избори, истакна Мицкоски, кој претходно учествуваше на француско-германската комеморација, што денеска се одржа во Битола, посветена на 11 Ноември, Ден на примирјето.

Посочи дека се надева дека многу скоро Република Македонија ќе ја добие заслужената шанса да биде дел од европското семејство, затоа што, како што рече, на крајот од денот, интерес на сите граѓани и на сите политичари е Македонија да успее.

– На конгресот во Хелсинки остварив повеќе средби со претставници на сестринските партиии, ги информирав за политичкиот прогон на членови на ВМРО-ДПМНЕ, за предизвиците пред кои е исправена партијата ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и други актуелни општествено политички теми. Воедно, ја искористивме можноста да побараме од сестринските партии да лобираат Република Македонија што е можно побрзо да стане дел од европското семејство, бидејќи не се битни нашите лични фрустрации или лични кариери, битно е Македонија да успее, додаде Мицкоски./МИА

Продолжува одливот на медицински сестри од јавното здравство

И по 40 медицински сестри месечно барале исписници од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Најголем дел од нив заминувале на работа во европските земји. Претседателката на здружението Бешлиовска вели дека секоја власт мора да направи регистар за бројот на медицински сестри нивното признавње и потребата на секој оддел во болниците.

Веруваат дека она што било ветено од страна на идната влада ќе се исполни и медицинските сестри ќе бидат соодветно платени и задржани на нивните работни места.

Мотото оваа година во неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“.

Израснатата трева во дворот на владата „ги скара“ Џафери и Арсовска

Дворот и околината на зградата на македонската Влада која е еден од најважните објекти во земјава и претставува симбол на државноста е целосно запуштен и со обрасната трева висока над еден метар.

Oва е сликата која ја гледаат сите оние кои минуваат пред најважниот државен објект. Проблемот со требата стигна и до највисоките ешалони на власта кој ја префрлаат одговорноста.

Запрашан за ова Техничкиот премиер Талат Џафери кажа дека тоа било обврска на градот Скопје, бидејки според прописите земјиштето било во негова сопственост и надлежност.

-Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што изгледа вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. - Талат Џафери- технички премиер.

Со ова не се согласува градончалнмичката. Во рекација на фејсбук кажа дека од Владата воопшто не склучиле договор со со ЈП „Паркови и зеленило“ за да се одржува дворот на Владата. Во реакцијата таа објаснува и дека јавното претпријатие ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон.

- Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува. “- стои во реакцијата на Арсовска.

Но, неискосената трева не ја сокрива целаснота запустеност на доворот и платото на Владата, за кое што канал 5 снимаше повеќе репортажи изминатата година. Меѓу другото во катастрофална состојба се и жардињерите, фасадата, патетеките, оградата на објектот..

Дали некогаш ќе се дознаат мотивите за „Диво насеље“?

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот.

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот, иако во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели.

Екс полицискиот генерал, Стојанче Ангелов кој во моментов е на безбедноста конференција во Вашинготн, за Канал 5 вели дека МВР имало доволно време да ги расветли мотивите за нападот во кој настрадаа осуммина припадници на полицијата.

„Делото од кривично правен аспект е расветлено, терористите се осудени на долгогодишни казни затвор но остана во воздух да лебди неодговорено прашањето околу инспираторите затоа што до ден денес немаме одговор кои беа инспиратори на овој крвав настан.- - Стојанче Ангелов .

Дали можеме да бидеме сигурни дека Диво насеље веќе никогаш нема да се повтори? Изборната камапња ги погреа тензиите, но Ангелов смета дека како држава институционално може да се справиме со било какви закани, иако, вели, периодот до формирање на новата влада е ранлив.

-Во секое предизборие во државата се засилува националистичка реторика, тоа можевме да го слушнеме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но мислам дека со завршување на изборите ваквата реторика ќе биде смирена, единствена опасност постои доколку ДУИ, која очигледно ќе остане во опозиција, се обиде повторно да игра на карта на национализам, разгорувајќи ја меѓуетничката нетрпеливост со закани по безбедноста за државата и граѓаните,- - Стојанче Ангелов.

Во борбата против вооружената група што упадна од Косово осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Загинаа осумина и од терористите, а останатите над 30 издржуваат долгодишни казни затвор.

притисни ентер