Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар - очекува негова победа на 2 ноември - Канал 5

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар - очекува негова победа на 2 ноември

Кандидатот за градоначаланик на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите. 

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар - очекува негова победа на 2 ноември

Мирослав Лабудовиќ на кафе дружба со премиерот и Орце Ѓорѓиевски .

Лабудовиќ денеска на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ресторанот “Дејли“ во населбата Капиштец, заеднички констатираа дека на Центар и на Скопје им е потребна промена - нов ветар во грб, со нова визија кои ќе ги променат работите од темел и ќе ја водат општината и градот напред.

Премиерот Мицкоски ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани на Центар в недела да им дадат максимална поддршка на Мирослав Лабудовиќ и Орце Ѓорѓиевски - кои треба да ги донесат неопходните промени. А, тоа е пред се стоп на бруталната бетонизација во Центар која е отидена предалеку и на штета на сите жители во централната градска општина.

Мицкоски потенцираше дека мора да се подвлече линија која ќе прави јасна разлика меѓу криминалот што сега се случува и домаќинското и одговорно однесување и работење што ќе донесат со себе Ѓорѓиевски и Лабудовиќ по стапувањето на функциите.

Мирослав Лабудовиќ пак на премиерот Мицкоски и на Орце Ѓорѓиевски им посочил дека во првиот круг над 2/3 од излезените гласачи сакале промена и верува дека на крајот таа ќе се случи, Едноставно речено, 68 отсто од гласовите во првиот круг во Центар што не го поддржаа актуелниот градоначалник, се потенцијал кој би бил пресуден за победа во Центар, но и за уште поубедлив резултат во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.

Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)

Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот.

Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата.

Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“

Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават.

Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон.

Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент.

„Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој.

Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи.

YouTube video

Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента.

Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај.

Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви.

Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер