3Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
МакедонијаМицкоски: Влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на МакедонијаДозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам Националниот дел на Власите 23 мај.Влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија. И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата. Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните. Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации. Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа. Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство. Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите, стои во објавата на Фејсбук, на премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратеницитеКој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени. Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања. Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт. Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево во Софија средба Сиљановска - ЈотоваШефицата на државата Сиљановска Давкова попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. На средбата на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, Сиљановска ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но во рамките на состаноците дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека суштината на средбите е на бугарската страна да и објаснат дека Македонија е заложник на неприницпипелна политика. Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски појасни дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Потенцира и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа веќе го потврдија и од самата Европската комисја. „Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи. На регионалниотн самит во Софија присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија. Тагови: Сиљановска - Давкова Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследникФудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.Раководството на Реал ќе мора да Бенфика да и плати обештетување од 15 милиони евра за трансферот на Мурињо од Лисабон во Мадрид. „Ти благодарам, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика. Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе биде наследникот на МУрињо на клупата на Бенфика. Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter