Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, Милошоски и Филков имаа лош ден, се надевам заврши - Канал 5

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, Милошоски и Филков имаа лош ден, се надевам заврши

Пратеникот Антонијо Милошоски и министерот за правда, Игор Филков, вчера имале лош ден. 

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, Милошоски и Филков имаа лош ден, се надевам заврши

Ова е ставот на премиерот Мицкоски по јавната кавга и меѓусебни остри тонови кои двајцата си ги разменија јавно синоќа околу потребните реформи во правосудството. Премиерот денеска изјави дека владината коалиција е стабилна, а јавното препукување меѓу Милошоски и Филков, очекува да застане на, како што кажа, овие два лични става.

-Пратеникот Антонијо Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата, тој е дел од мојот најблизок периметар. Министерот Игор Филков знам со какви проблеми се соочи, знам каква состојба затекна во Министерството за правда, континуирано на дневна основа соработуваме во делот на реформите, кои се многу важни посебно во секторот правда. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден, па така јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот завршува, рече Мицкоски.

Прашањето за превирања во владината коалиција се отвори откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски, вчера во телевизиско гостување изнесувајќи личен став го искритикува министерот Филков за, како што рече, слаби перформанси за обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството. Следуваше остра реакција од Филков која на социјалните мрежи му одговори дека тој како пратеник активно учествувал во креирањето на канцерогениот правосуден систем и во донесувањето на штетните измени во Кривичниот законик, со што се спасил од одговорност за кривичното дело „Моќник“.

„Кусурот на Груевски, познат под прекарот Џуџето од Небрегово, а јавноста го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа се уште нема навика да одговара пред граѓаните што го избрале“, напиша меѓудругото министерот за правда, Филков, споделувајќи 16 законски решенија за реформи во правосуднуиот систем, за кои вели дека дел се подготвени и објавени на ЕНЕР, а десетици други што се во процедура.

Прашан за коментар лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, не сакаше да ги коментира односите во владината коалиција, но како претседател на националниот совет за евроинтеграција во Собранието смета дека Владата нема добар перформанс за реформските закони од правосудството.

Искрите меѓу функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ доаѓаат ден по информациите за несогласувања во коалицијата „Вреди“ за коишто јавно проговори министерот Таравари кој посочи дека перформансот на кадрите од Вреди не е на задоволително ниво. Мицкоски, пак, тврди дека нема проблоеми со нив, соработката е квалитетна, а Владата е стабилна.

YouTube video

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

ДУИ: Продолжувањето на притворот за Бектеши е јасен пример за селективна правда

Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат вжна слобода, претставува јасен пример за селективна правда.

Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Македонија.

Дополнително, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги имаат посочено вистинските виновници, само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници.

Транзакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги кршат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако го заплаши обвинителот дека ќе изведе луѓе на улица против него, сега целосно го има потчинето и се однесува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението, тогаш време е сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – на мирен, но решителен начин, на улица.

ДУИ

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп.

Истрага за Универзитетот Харвард и неговото списание околу можна расна дискриминација

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека истражува дали Универзитетот Харвард и „Харвард Ло Ривју“, студентскиот весник на Правниот факултет на Харвард, ги прекршиле законите за граѓански права кога уредниците на списанието го забрзале објавувањето на статија напишана од член на расно малцинство.

Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп за замрзнување на 2,3 милијарди долари федерални пари, што се заканува да го попречи спроведувањето на клучни медицински и научни истражувања.

Во соопштението за истрагата од страна на Министерството за образование и здравство и човечки услуги на САД се наведува дека уредниците на „Харвард Ло Ривју“ можеби прибегнале кон „расна дискриминација“ кршејќи ги одредбите од Законот за граѓански права од 1964 година.

„Процесот на селекција на статии се чини дека избира победници и губитници врз основа на раса, користејќи систем во кој расата на научникот е подеднакво важна, ако не и поважна, од квалитетот на објавената работа“, рече Крег Трејнор, вршител на должноста помошник-министер за образование за граѓански права.

Откако ја презеде функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп го заостри мерките против програмите за различност, еднаквост и инклузија кои имаат за цел да ја подобрат положбата на маргинализираните групи кои историски се соочувале со нееднаквост во Америка.

Трамп ги означи овие програми насочени кон помагање на малцинствата како дискриминаторски кон групи како што се белците и мажите.

Универзитетот Харвард во понеделникот соопшти дека ќе ја преименува својата Канцеларија за еднаквост, разновидност, инклузија и припадност во Канцеларија за живот во заедницата и кампусот. /МИА

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Четвири ученички, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

САД: Возач со автомобил удри во училишна зграда, загинаа четири девојчиња (Видео)

Жртвите се девојчиња кои биле прогласени за мртви на местото на настанот, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициско соопштение во кое се наведува дека три жртви биле надвор од зградата, а една внатре во неа. Полицијата соопшти дека неколку други лица се повредени, вклучувајќи едно потешко кое е префрлено во болница со хеликоптер.

Четворица ученици, на возраст од 4 до 18 години, загинаа кога возач со автомобил удри во училишна зграда во Чатам, Илиноис, соопштија локалните власти.

притисни ентер