Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи - Канал 5

Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. 

Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со зголемување на цените на производите.

Премиерот Мицкоски е дециден дека доколку видат неетичко однесување од страна на ланиците супер маркети, но и од страна на снабдувачите и производителите, како Влада ќе ги преземат сите оние мерки, кои што ги имаат на располагање.

-Државниот пазарен инспекторат е на терен и од она кое што го гледаме има поскапување кај маслото и кај јајцата. Зборувам за поскапување, кое што е видливо и значајно, кај останатите производи цените во принцип не отстапуваат „визави“ оние кои што се просечни од претходниот период. Така што тој дел е забележано, анализираме. Тоа се правда со зголемени цени на берзи итн. Сега берзи можеби ќе звучи чудно кај јајцата, не е конкретно јајцето берзански производ, туку храната која што носилките ја користат е берзански производ, па тоа имплицира кај самите јајца. Маслото знаете дека е берзански производ. Така што на тој начин се правда тоа зголемување. Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме било какви осцилации, кои што ќе нанесат штета на стандардот на граѓаните, подвлече Мицкоски.

Тој додаде дека како Влада не се реактивни, туку се активни и така ќе продолжат да се однесуваат.

-Ризици има, за жал, ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас. Но, врз основа на тоа кое што зависи од нас да го антиципираме навремено и да повлекуваме потези, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер