МакедонијаМицкоски вети сигурна победа и милијарди евра за подобар живот на граѓанитеЛидерот на опозицијата Мицкоски е уберен во сигурна победа на изборите.На денешниот собир насловен „Обновата доаѓа“ вети дека неговиот мандат ќе реализира капитални инвестиции во вредност од најмалку две милијарди евра.Со тврдење дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на предвремените парламентарни избори, Христијан Мицкоски го започна обраќањето пред симпатизерите на опозициската партија. Вели дека државата е во слепа улица, а СДСМ со штетни политики ги поминала сите црвени линии. Според Мицкоски 12ти април ќе биде македонскиот референдум, и убеден е дека со формирањето на техничката Влада ќе се означи крајот на премиерската функција на Заев. ,,Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. 12-ти април е тој ден, денот на одговорот. Македонскиот референдум, нашиот 8ми септември. Денот „Д“ кога народот одлучува, а таа одлука почитувани значи само едно, а тоа е победа. Мицкоски ја искритикува власта и за економските политики, здравството, вложувањето во земјоделството, но и најавениот ветинг во судството. Пред присутните, вети дека како премиер ќе вложи 2 милијарди евра за капитални инвестиции, како и 1 милијарда за борба со аерозагадувањето. „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во својот 4 годишен мандат ќе вложи не помалку од 1 милијарда евра за заштита на животната средина, да ни дишат најмилите чист воздух. И не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух. Тоа е невозможно. Но можам да ви ветам најмалку 50-тина отсто почист, амбиентален воздух за македонските граѓани. За граѓаните на Македонија. На собирот под слоганот „Обновата доаѓа” беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ, пратеници, поранешни министри и директори кои го поддржаа Мицкоски со пароли за правда, промени, принципи и обнова за Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМладите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години. Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години. Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години. Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом. Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter