Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат нема да има

Планот на власта за почеток на промената на Уставот од мај или јуни нема да успее, пораките од Борел и Вархеји ги цениме, но не може да делуваме под бугарски диктат- изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

По изјавите од Скопје на високиот претставник на ЕУ и еврокомесарот за проширување дека треба да помогнат сите македонски политичари и преговарачката рамка во иднина не може да се репреговара, Мицкоски побара од нив да имаат слух и за ставот на опозицијата. Според него условот од Бугарија е проблем создаден од СДСМ и ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ по следните избори е убеден дека ќе најде решение за продолжување на евроинтеграциите.

-Ние ги цениме изјавите и коментарите на европските дипломати и политичари, исто како што би ценеле пред да носат одлуки да не прашаат и нас како ВМРО-ДПМНЕ, но и да го прашаат народот дали се согласува../. ВМРО-ДПМНЕ не бега од разговори за иднината на македонскиот народ. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со сличен став е и поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев, сега советник Мицкоски... Тој за Канал 5 вели дека е очекувано меѓуанродните претстваници да посакуваат успешно затворање на секој пробелм, без разлика на квалитетот на тоа решение..

-Изјавата на Борел дека никогаш повеќе нема да добиеме нова преговарачка рамка е малку чудна, знаејќи го процесот како се пристапува кон ЕУ. Нашата правна рамка е Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Копенхашките критериуми, Борел и Вархеји сигурно многу добро знаат дека кон Македонија е пристапено како со држава со попреченост, е сега ние треба да одбереме дали сакаме да останеме така или пак да се избориме за понатамошно чекорење кон ЕУ како сите други држави кои станале членки. - Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор во Бугарија

Вчера по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација Борел и Вархеји изјавија и дека со вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав нема да се загрози македонскиот идентитет. За очекувањата на власта Македонија да стане полноправна членка на унијата до 2030 година, еврокомесарот за проширување одговори дека е оптимист, но се зависи од напредокот на земјава.

Мицкоски: Точно е дека има притисоци за уставни измени, но јас нема да попуштам ниту милиметар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар.

Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

- Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ставот го кажа уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

- Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да и помогна на владата. Затоа што замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се пдоготвува, зилеговме во јавност у понудивме решение и прашуваме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат, за жал бевме одбиени, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека потоа имаше средба заедно со потпретседателот Николоски заедно со пратеникот Милошоски со Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на кој власта повторно изнесе плитки аргументи и не сакаше да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ:

- Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем, изјави Мицкоски.

Хајди Клум облече фустан што изгледа како течен метал

Хајди Клум привлече внимание со модната комбинација на Fashion Trust Awards.

Германската манекенка се појави во сребрен фустан на Кејт Бартон, што изгледаше како течен метал. Ја стегна половината со огромен метален појас, а во раката носеше чанта во форма на аквариум со риба.

Хајди редовно привлекува внимание со своите модни избори, некои на црвениот тепих, некои имагинативни костими поради кои го доби прекарот „Кралица на Ноќта на вештерките“.

Директорот на ТикТок ја брани апликацијата пред американскиот Конгрес

Извршниот директор на TikTok денеска одговараше на тешки прашања на американските конгресмени кои бараат да се забрани кинеската социјална мрежа бидејќи ја гледаат како закана за националната безбедност на САД.

Сведочењето на Шу Зи Чоу пред Конгресот доаѓа по еднонеделните напори на кинеската компанија да ги убеди Американците и нивните законодавци дека апликацијата носи економска вредност и ја поддржува слободата на говорот.

TikTok, кој има повеќе од 150 милиони корисници во САД, се соочи со обвинувања дека ги споделува податоците на своите корисници со кинеската влада и дека не прави доволно за да ги заштити децата кои ја користат мрежата.

Републиканецот Кети МекМорис Роџерс, претседателка на Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом, го започна сослушувањето тврдејќи дека „ТикТок ги собира речиси сите податоци што може да се замислат - од локациите на корисниците и она што тие го пишуваат и копираат и со кого разговараат до биометриските податоци и многу повеќе. .

„Не веруваме дека TikTok некогаш ќе ги прифати американските вредности - вредностите на слободата, човековите права и иновациите“, рече републиканката, додавајќи дека кинеската комунистичка партија може да го користи TikTok „како алатка за манипулирање со цела Америка.“ .

Чу рано во своето сведочење зборуваше за неговите корени од Сингапур и тврдеше дека компанијата „не промовира или отстранува содржина на барање на кинеската влада“. Тој им вети на одборот и на корисниците дека нема да има „никаква манипулација од која било влада“.

Некои политички експерти веруваат дека забраната на TikTok може да им наштети на демократите кои ја користат платформата за да допрат до помладите гласачи. Тројца демократи во Горниот дом на Конгресот се спротивставија на забраната.

Сепак, повеќето пратеници сакаат TikTok да биде забранет. Кинеската апликација минатата недела објави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден побарала од кинеските сопственици да ја напуштат својата сопственост или ќе се соочат со забрана.

Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека принудувањето на продажбата на TikTok сериозно ќе ја поткопа довербата на инвеститорите ширум светот, вклучително и Кина, да инвестираат во САД. „Доколку веста е вистинита, Кина решително ќе се спротивстави на тоа“, соопшти Министерството.

притисни ентер