“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
1“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
3Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор
МакедонијаМицкоски: Стојам на расолагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план Стојам на расолагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку, како што изјави денеска, навистина има план и желба да помогне. По денешниот повик од Филипче за политички и општествен дијалог Мицкоски во одговор на новинарско прашање рече дека стои на располагање во секое време и ќе го усогласи распоредот за да го слушне планот на Филипче и да се види дали во тој план може нешто да се реши. - Јас во една моја изјава кажав дека ова е сериозна тема и за сериозна тема се седнува и се разговара. За мене е малку непристојно да разговараме преку медиуми, реков доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски за повикот од Филипче и дали ќе има лидерска средба со останатите претставници на партиите. Прашан дали ќе имаат заеднички став со СДСМ околу изборот на в.д градоначалник на Кочани за да нема криза во градот по трагедијата со пожарот и оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, рече не разговарале со советниците за потецијалнот кандидат, но оти апсолутно ќе се избере в.д градоначалник и оти тука нема дилема. - Не сме разговарале со советниците кој би можело да биде тој што ќе биде избран и ќе ја добие поддршката од советниците, рече Мицкоски, по присуството на пуштањето на фабриката на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип.Тагови: СДСМ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматуратаПетстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура.Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, а дополнителен белег на вечерта дадоа музичките точки на самите ученици. Оваа прослава, која се одржува втора година по ред, е особено значајна бидејќи нејзиниот концепт беше креиран директно од младите, врз основа на нивните желби и замисли. -Синоќа сведочевме на прекрасна енергија и вистинска радост. Кога неодамна ги поканив претставниците на учениците за да ги сослушам нивните идеи, знаев дека заеднички ќе создадеме настан за паметење. Нашата цел беше оваа прослава да биде осмислена исклучиво преку нивната призма и токму тоа го остваривме. Овие млади луѓе се доказ дека кога ќе им дадете простор да одлучуваат, тие носат одлични одлуки. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува нивниот глас и ќе биде нивна поддршка. Им посакувам многу успех во понатамошната едукација и верувам дека од тука ќе понесат прекрасни спомени пред да зачекорат во средношколските клупи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ЕвропаУченичка во Манчестер со нож повредила соученик и вработен во училиштетоЧетиринаесетгодишна ученичка, уапсена откако завчера наутро избодела три лица во Кооп Академијата во северен Манчестер, е приведена според Законот за ментално здравје. Полицијата на Манчестер (GMP) вчера соопшти дека девојчето е однесено во болница на проценка по нејзиното апсење. Деталите не се познати. Според полицијата, училишниот персонал брзо ја совладало ученичката напаѓач и со тоа спречил некој друг да биде повреден. Во нападот се повредени 14-годишен ученик и 27-годишен вработен во училиштето. Сите тројца биле префрлени во болница, но во меѓувреме биле пуштени дома бидејќи повредите не биле од сериозна природа. Училиштето во населбата Блекли било затворено по инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затворСудија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Скопскиот кривичен суд информира дека судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50