Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
Веб ТВМицкоски со ултиматум до маркетите: Нема да толерираме вештачки надуени маржиДел од трговците неоправдано ги зголемиле бруто профитните маржи од 2 до 5% споредбено со минатата година, покажале првичните анализи од контролите низ маркетите кои ги прави Државниот пазарен инспекторат. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКибернапад во Полска: Протекоа податоци од 19 милиони луѓеПолските власти денес објавија големо протекување на медицински и лични податоци на речиси 19 милиони граѓани, по кибернападот врз добавувач на медицински софтвер.Според министерот за дигитална безбедност Кшиштоф Гавковски, инцидентот е „едно од најголемите“ кршења на сајбер безбедноста во историјата на земјата, која е дом на 37 милиони луѓе. „Во моментов, нема индикации дека станува збор за надворешен напад, кој може да потекнува од Русија или од која било друга земја“, рече тој. Првичните наоди укажуваат на сајбер криминалци кои дејствуваат за финансиска добивка, рече министерот, додавајќи дека е исклучена можноста за плаќање откуп. Тој вети дека „немилосрдно“ ќе ги гони сторителите. Украдените податоци изнесуваат околу два терабајти и се однесуваат на информации поврзани со медицински консултации, рецепти за лекови и други документи што најчесто се користат за следење на здравјето на пациентите. Природата и обемот на компромитираните податоци варираат од личност до личност, рече министерот, најавувајќи имплементација на систем што ќе им овозможи на граѓаните да проверат дали нивните податоци се украдени. Услугите на целната компанија ги користеле приближно 12.000 медицински установи. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: Кибернапад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражбиНа пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал. Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дождВремето утре променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00