Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП - Канал 5

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП

„Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес“.

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема. Тој истакна дека нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува сега со национални компромиси. Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.

,,И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака со СДСМ и од опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е, засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека СДС и ДУИ не ја зборуваа вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставуваа само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

,,Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко ќе почне да тече по улиците и мед“, кажа Мицкоски и додаде:

,,Тоа беше најголемата лага којашто за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани. Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата“.

Мицкоски истакна дека тоа што СДС лажеа, за европско здравство и преку кампањски песни за Европа, и потсети на нивните измами со референдумското прашање за ЕУ ќе влезат само во онаа срамна историја.

,,Но, на онаа срамната историја на македонскиот народ. Ги памети народот вашите кампањи, вашите кампањски песни за Европа, вашите билборди за бесплатно здравство дека ќе имаме во Европа, измамите со референдумското прашање за ЕУ, ако се изгласа референдумот ќе влеземе во ЕУ, а не само во НАТО“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека народот добро се сеќава на нивните фотографии од авионот, за кои тие се обидуваа да создадат лажна слика во јавноста дека ги почнуваат преговорите, за што во моментов се видливи последиците.

,,Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме“, рече Мицкоски и додаде:

,,Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар

Неполн ден откако се промени описот на скопски Бит-пазар, местото кадешто се урнаа објекти и тезги е веќе ограден со тараби и подготвен за нова градба.

Со градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар

На терен има тешка механизација, но засега нема официјални информации кој ги урнал објектите и дали на нивно место ќе се гради нешто, како што се шпекулира во јавноста.Станува збор за првите тезги долж булеварот „Цветан Димов“, на потегот од Центар кон Чаир.

Земјиштето е во приватна сопственост, а засега не се соопштува причината за отстранувањето на тезгите. Од Општина Чаир најавуваат повеќе информации, додека Град Скопје посочува дека случајот не е во нивна надлежност. Во меѓувреме, останатиот дел од Бит-пазар функционира непречено.

Меѓу вработените на пазарот има незадоволство и револт, а дел од нив не сакаат јавно да ја коментираат ситуацијата.

Дополнително, само неколку дена претходно, во непосредна близина, Град Скопје со повеќе институции спроведе акција за отстранување на дивите тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“. Тогаш беа запленети околу 500 килограми храна, а за нелегалните препродавачи беа најавени и казни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?

Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.

По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?

Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење.

Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција.

За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија.

-Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка.

Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб.

И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството.

Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок

Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов.

Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок

Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов – ниту во овој, ниту во кој било друг случај.

Стафа кажа дека парите пронајдени кај него биле адвокатска награда од неговиот клиент Љупчо Пецов, а не пари наменети за судијата. Уште посериозни беа неговите тврдења за начинот на кој го признал делото. Стафа рече дека признанието го дал од страв и под притисок, откако како што рече, видел што му се случува на Ристов и стравувал дека може да помине уште полошо.

-Во ниеден предмет не сум дал поткуп на судијата Ристов. Ја одбрав најблагата казна оти не сакав да ме снајде тоа што го снајде него. Кога ме лишија од слобода едениот истражител беше агресивен и ми викаше ако сакаш да се спасиш да кажеш дека 20 илјади евра треба да завршат кај Ѓоко Ристов. Парите не ги најде а тие се пријавени, а се работи за адвокатска награда. Пари 30 илјади евра ми беа дадени како заем од сестрата на Љупчо Пецов и за тоа имам писмен договор. Кога ме однесоа во обвинителството во недела утрината се појави обвинителката Искра Хаџи Василева и бараше да кажам дека парите требало да завршат кај Ѓоко Ристов а за возврат ќе бидам ослободен,- - Фехми Стафа – Сведок.

Обвинителката Хаџи Василева посочи дека кредибилитет на Стафа како сведок ќе биде предмет на анализа во завршниот збор. Иако тој беше повикан во судница како сведок на одбраната а неговото претходно признание е еден од доказите во обвинението, обвинителката вели дека располага и со други докази.

-Обвинителството, а во овој предмет особено, исказите на секој од сведоците ги поткрепуваше, и тоа како, со материјални, вербални и најважно од сè електронски докази, директен говор меѓу инволвираните лица, сите во оваа постапка, вклучително и Фехми Стафа, и Љупчо Пецов, и сите останати кои имаа сведочења од судови и во таа прва постапка. Значи, ние кредибилитетот на сведоците го цениме секако во текот на истрагата, меѓутоа водејќи се од кредибилитетот на секој еден сведок, како што и бива во секоја постапка, се обидувате да трагате по докази кои ќе поткрепат нечие сведочење,- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител ОЈО ГОКК.

Но, одбраната тврди дека такви материјални докази досега не биле презентирани пред судот. Адвокатот Давидовиќ вели дека одбраната не може да се повикува на докази кои, според него, не се изведени во постапката.

-Материјални докази никаде не се прикажани, ќе мораме да ѝ веруваме на збор на обвинителката, како што ѝ веруваме во овој предмет, дека има коруптивни дејства, ама ниту еден предмет од каде е примен поткуп за судијата Ѓоко Ристов, па ќе мораме на збор да ѝ веруваме, пошто ни во тој предмет тие докази не се изведени. Ако обвинителството, како државен орган на кому му стојат на располагање сите можни државни институции — еден огромен апарат за присила и репресија — го злоупотребува тоа право, тогаш не им се пишува добро на граѓаните,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов.

Во сведочењето Стафа посочи и дека Ристов не одлучувал сам, туку бил дел од судски совет, па праша зошто во овој случај обвинет е само тој. А дали има предистрага и за други судии од Апелација, обвинителката не открива. Судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува во четврток на 8 октомври кога како сведоци во судница треба да се појават неговите родители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер