Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
1Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економииСо гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ.-Ние сме новата надеж. Ние сме промената која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда. Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ, кажа Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски во текот на своето обраќање посочи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите. -Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите, кажа тој. Премиерот се осврна и на надворешната политика при што укажа дека надворешна политика е принципиелна и се темели на заштита на заедничка историја, култура и идентитет. -Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и се темели на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет. Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Венко Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, вели тој. На крај Премиерот Мицкоски порача: -Ние не сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема да има непривилегирани, туку напротив ние сме тука за да изградиме општество во кое ќе нема привелигирани. Тука сме за да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе ја злоупотреби довербата на народот. Мицкоски: Највредната работа што може еден човек да ја остави на своите потомци не се парите, туку честа и чистиот образ На вечерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ се обрати премиерот Христијан Мицкоски кој се обрати до функционерите од гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ и посочи да не заборават од каде потекнуваат, и каде ќе се вратат. „И немојте никогаш да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по хотелите и канцелариите, заради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, заради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им кажете, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи“, истакна Мицкоски. Премиерот исто така истакна дека несовесното седење во фотелјата носи срами и разочарување, а достојното пријатели и вистински поддржувачи. „Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина на честа и на нашиот образ. Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото“, рече Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter. Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил. Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град. „Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми. На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат. Според него, фондот моментално има околу 275 долари. Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне. Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.Тагови: дрон минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син. Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче. Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“. Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство. Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето. „Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата. Foi sepultado, na manhã desta segunda-feira (5), o corpo de Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, que morreu após ser atingida por um raio em Almas, no Tocantins. Segundo testemunhas, a jovem estava no quintal de casa quando começou uma chuva leve, acompanhada de raios. Após ser atingida pela descarga elétrica, Ana foi levada a um hospital, mas não resistiu. Estudante de fisioterapia, ela havia sido coroada Rainha de Rodeio do município neste ano e deixa um filho. ➡️ Veja essa e outras notícias do #HojeEmDia em https://t.co/obAYNpXpFV — Hoje em Dia (@hojeemdia) October 5, 2026 Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство. „Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела. 🖤LUTO🖤 | Rainha do Rodeio de Almas, Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, morre após ser atingida por raio no Tocantins. https://t.co/XEXNjKGUcx — FUTRIKEI (@futrikeiof) October 4, 2026 Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство. Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.Тагови: гром родео Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ЕвропаУкрадена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)Книгата „Откровение“, објавена во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, а чија бронзена корица ја изработил шпанскиот надреалист Салвадор Дали, била украдена од Центарот за современа уметност во Изоар, во департманот Пи ду Дом, во централна Франција.Обвинителството во Клермон-Феран го опиша делото како „исклучително и единствено“, наведувајќи дека украдената корица на книгата била украсена со злато, скапоцени камења и школки. Книгата го обиколила светот Само корицата тежи околу 150 килограми, додека целото дело тежи околу 210 килограми. „Откровение“ е замислено во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, врз основа на текстот од Книгата на Откровението на Свети Јован, и е илустрирано на огромни пергаменти од 14 големи уметници и писатели од 20 век, меѓу кои Жан Кокто, Бернар Буфе и Жан Жионо. Дали ја изработил бронзената корица украсена со злато, скапоцени камења и школки. Делото било изложено на речиси 150 изложби низ целиот свет помеѓу 1961 и 1972 година, по што било изгубено некое време. Неспоредлива вредност Бело чувано во Швајцарија, а потоа продадено на јапонски купувачи, кои имале намера да го продадат на делови на аукција. Во 2003 година, го купил Кристијан Каруцос, директор на компанија за реставрација на уметнички дела во Исоарес. Каруцос во тоа време рекол дека книгата е проценета на два милиони франци, или околу 304.900 евра, што ја прави најскапата книга во светот. Регионалните власти на регионот Оверњ-Рона-Алпи наведуваат дека „Откровение“ била најтешката и најскапата книга во светот во 1960 година. „Дело на еден живот“ Градоначалникот на Исудар, Бертран Баро, рекол дека делото му припаѓало на приватен сопственик кој чувал и други, помалку вредни дела во својот мал музеј на современа уметност. Тој го опиша украденото дело како „непроценливо“ и додаде дека претставува „дело на целиот свој живот“. Баро рече дека сопственикот, кој бил длабоко погоден од кражбата, го опишал како „француско културно наследство“. Тој не можел да каже дали тој бил крадецот или крадците го ограбиле музејот. Истрагата ја води истражната единица на жандармеријата Клермон-Феран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook