Мицкоски се сретна со Јанша во Љубљана

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Љубљана се сретна со лидерот на словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење. Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели, се вели во соопштението на партијата.

- Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните, истакнал Мицкоски.

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.

Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.

- Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.

ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот.

Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР.

Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим. 

Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули.

Договорот на тренерот со Јувентус е до 2025 година, но неизвесно е дали тој ќе го води тимот и следната сезона.

Јувентус е рекордер во Купот на Италија со 15 трофеи.

притисни ентер