Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
1Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага
МакедонијаМицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустуСамитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте.Премиерот Христијан Мицкоски денеска на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи. Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг е добра можност за средбата, на неа би присустувале претедателката Сиљановска Давкова, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ Каја Калас, а составот, како што посочи Мицкоски го прошириле и со можноста за присуство на генералниот секретар на НАТО Марк Руте. -Оваа тема започна уште од средбата и посетата на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта. За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас од Македонија и од Бугарија, бидејќи таму ќе биде претседателката. Тоа би била одлична можност да има билатерална средба, на која би присуствувала и претседателката на ЕК, госпоѓата Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, нормално високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО. Дел од земјите членки во НАТО, нели од нив најголемите тоа се САД, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас, одговарајќи на новинарско прашање за евентуалната средба на Сиљановска Давкова со бугарскиот претседател Радев и за тоа во каков формат се планира. Тој истакна дека таа средба би била мошне полезна, бидеќи двете страни изнесуваат свои аргументи и оти е потребно да се седне на иста маса и да се разговара без ралика, колку ќе траат тие разговори. -Ние веднаш го прифативме тоа. Не знам каков е одговорот од Бугарија. Но ние тоа го прифативме. И денеска повторно тоа заедно со госпоѓата Каја Калас разговаравме на таа тема и апсолутно ја потврдивме нашата определба да опстоиме на тоа што сме го кажале и го прифативме тоа. Разговаравме и со претседателката Сиљановска. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме. И мислам добро да има таква средба, на која што ќе може да се слушнат аргументите од двете страни, посебно на маргините на НАТО Самитот, бидејќи како што беше и претходното прашање сето тоа има фоскус и на безбедноста во регионот. Како земја-членка на НАТО ние рефлектираме безбедност, посочи Мицкоски. Додаде дека тоа го потврдила и Калас во своето обраќање за македонскиот придонес во регионалните безбедносни иницијативи како што е АЛТЕА во Босна, но тука е и поддршката на земјава за Украина. Мицкоски посочи дека ние сме во првите пет земји контрибутори по глава на жител за Украина и додаде дека и натаму ќе продолжиме да помагаме. -Така што, ние сме фактор на стабилност, и така треба да се однесуваме во регионот. И затоа треба да зрачиме со стабилност. За жал, има сили во регионот коишто рефлектираат, сакаат да рефлектираат нестабилност. И затоа добро би било да ги имаме сите аргументи на еден ваков билатерален состанок, би било многу добро тие да се слушнат...Можеби од таа страна ќе слушнеме некои аргументи коишто до сега не сме ги знаеле, каде исчезнаа, да речеме, 200 илјади Македонци во Западна Бугаијра од '56 до '65, истакна Мицкоски. Во однос на тоа дали ќе прифати медијација за да се надминат разликите со Бугарија, Мицкоски одговори потврдно. -Да. Апсолутно подготвени сме да разговараме на ниво на билатерални разговори, на ниво на партнерски односи во рамките на НАТО Алијансата. Кој било, кој што сака да помогне подоготвени сме да разговараме. Со секого сме подготвени да седнеме и да разговарме и да прифатиме каква било медијација...Ние сакаме решение, решение коешто ќе биде достоинствено и долготрајно. Се изморивме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања. Дајте решение коешто ќе биде единствено континуирано и оставете ние да си ја завршиме дома домашната задача, па да видиме кој ќе биде фронтранер, кој нема да биде, нека судат потоа сите оние, рече Мицкоски. На прашањето дали се работи на нова дефиниција на уставните измени, тој потенцира дека најголемиот виновник зошто се наоѓаме сега во ваква ситуација е претходната влада. -Не би се согласил дека недостасуваа неколку гласови, бидејќи не беше ставено да се гласа за да знаеме колку гласови, дали се неколку или неколку десетици гласови. Така што, ако го посочиме главниот виновник, тоа е јасно, тогашниот премиер, министерот за евроинтеграции, министерот за надворешни работи. Тие се тие коишто денеска ја доведоа состојбата ваква каква што е, додаде Мицкоски. Тагови: Каја Калас Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМладите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрагаДенес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело. Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против: • Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци, • Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата, • Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите. Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење. Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите. Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега. Ние не се плашиме. Вистината е на наша страна. И доаѓа време кога сите ќе одговарате. Центар за комуникации на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба „Дома“ во ПрилепВо преполната Ликовна галерија од ЦК"Марко Цепенков" во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела "Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески.Изложбата ја отвори Филип Димкоски, кој посочи дека станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции. "Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека објектот постои само во онаква форма каква што ја гледа набљудувачот. Спротивно на таа прагматичност, за Александра Ацеска, водата не е само вода, ниту пак планината е само планина. Таа во водата ја бара длабочината, а по планинските височини трага до врвот на мудроста. Овде имаме спротивставеност на машката и женската енергија, на визијата на таткото и визијата на ќерката, на мудроста на искуството и на полетноста на младоста, на цврстината на коренот и на силата на крилјата...Слободата со која се создавани делата, им дава слобода и на посетителите делата индивидуално да ги толкуваат и да извлечат свои пораки, поенти и заклучоци, но упатува на тоа дека домот не е конкретен простор, туку специфична состојба на духот. Добредојдовте дома" - рече Димкоски на отворањето на изложбата. Академската уметница Александра Ацеска живее и работи во Кина, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, а Илија Ацески долги години се занимава со фотографија. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. РадишанскаПо преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радишани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16