Мицкоски разговарал со Руте: Владата најавува промена на системот и одговорност - Канал 5

Мицкоски разговарал со Руте: Владата најавува промена на системот и одговорност

Ќе биде донесен заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки, ресторани кои приредуваат забави. 

Мицкоски разговарал со Руте: Владата најавува промена на системот и одговорност

Македонија во седумдневна жалост по трагедијата во Кочани - оваа одлука ќе биде донесена на денешната владина седница закажана за попладнево, а најавено е и дека ќе биде донесен заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки, ресторани кои приредуваат забави. Премиерот Мицкоски се очекува да се обрати попладнево, а од Владата информираат дека за трагедијата и можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи, тој разговарал со генералниот секретар на Алијансата Марк Руте.

-Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата- велат од Владата.

Претседателката Сиљановска-Давкова утрово ги посети дел од повредените кои се на лекување во болниците „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“.

„ Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи. “-Гордана Сиљановска-Давкова – претседателка на Македонија

Во старата градска болница беше и собранискиот спикер Гаши кој во кратка изјава порача- ваков ужас никогаш да не се повтори.

„ Многу голема трагедија, тежок ден за сите нас. Не можам да најдам зорови за утеха. Изразувам најдлабоко сочувство на сите семејства на починатите и на повредените деца. Треба денеска сите да сме сплотени заедно и да направиме се што можеме како држава, како институции, да помогнеме на семејствата. Навистина немам повеќе зборови, не знам што да кажам. “ - Африм Гаши – претседател на Собрание

Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче се понуди како лекар да помогне за повредените од пожарот.

-Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација. Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме, напиша Филипче, кој ги откажа внатрепартиските избори за претседател на СДСМ кои требаше да се одржат денеска.

Сочувство упати и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, која на премиерот му ги понудила целосните ресурси на Амбасадата на САД.

YouTube video

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело "измама" по член 247 од Кривичниот законик. 

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот и на 40 - годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 - годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило. Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, на 12.05.2025 на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата, соопштија од МВР.

Нов удар за возачите: ЕУ го намалува рокот на важење на возачките, возрасните најпогодени

Европскиот парламент ги измени директивите за возачки дозволи, кои носат бројни нови карактеристики.

Нов удар за возачите: ЕУ го намалува рокот на важење на возачките, возрасните најпогодени

Меѓу најважните промени е воведувањето на дигитална возачка дозвола што возачите ќе ја имаат на своите паметни телефони и која, според новите правила, ќе стане стандард во ЕУ.

Земјите-членки ќе имаат пет и пол години да воведат дигитална возачка дозвола, додека возачите ќе го задржат правото да побараат физичка возачка дозвола.

Една од најконтроверзните иновации е можноста земјите-членки да пропишат пократок рок на важење на возачката дозвола за возачи над 65 години. Ова би вовело дополнителни обврски што влијаат исклучиво на оваа возрасна група, покрај медицинските прегледи што веќе се воспоставени во некои земји.

На оваа одредба одговори AGE Platform Europe, чадор организација која ги обединува здруженијата за правата на постарите лица од целата Европска Унија. Во нивната изјава, тие предупредија дека воведувањето автоматски ограничувања на возраста без индивидуална проценка на способноста за возење може да претставува форма на дискриминација врз основа на возраст.

„Ваквите мерки не се засноваат на научни докази што би оправдале автоматско намалување на важноста на возачката дозвола по одредена возраст. Наместо тоа, потребна е индивидуална проценка на способноста, без оглед на возраста“, соопшти AGE Europe.

Правото на мобилност на старите лица

Организацијата потсетува дека многу постари лица продолжуваат активно, одговорно и безбедно да учествуваат во сообраќајот и дека неоснованите ограничувања би можеле да имаат негативни последици врз нивната мобилност, независност и квалитет на живот.

Се очекува секоја земја да одлучи дали и како да ја имплементира одредбата за пократко траење на возачката дозвола за постари возачи.

И покрај нивното активно учество во сообраќајот, статистиката покажува дека постарите возачи се вклучени во значителен број сообраќајни несреќи. Во првите седум месеци од 2024 година, лицата над 65 години биле одговорни за 2.688 сообраќајни несреќи, во кои загинале 779 лица. Во истиот период, 24 лица од оваа возрасна група загинале во сообраќајни несреќи.

Бидејќи ЕУ се стреми да го модернизира системот за возачки дозволи и да ја зголеми безбедноста на патиштата, важно е да се осигура дека новите мерки нема да доведат до дискриминација кон одредени групи граѓани. AGE Europe повикува на индивидуална проценка на способноста за возење, наместо воведување општи ограничувања на возраста, со цел да се зачува мобилноста и независноста на постарите лица.

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави драматично видео од обидот за киднапирање на мајка во Париз.

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

На видеото се прикажани маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.

Се слуша женски крик, драматичната сцена трае десетина секунди, додека киднаперите на крајот се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат. На улицата има и други минувачи, кои на почетокот се двоумат дали да помогнат и покрај вресоците на жената, но на крајот неколку од нив решаваат да интервенираат.

За потсетување, жена, наводно ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути, е спасена утрово кога напаѓачите се обиделе да ја киднапираат.

Според полициски извор, жената била со своето дете (2) кога се случил обидот за киднапирање. Сè уште не е познато како детето (2) успеало да им избега на киднаперите кои се обидувале насилно да ја внесат неговата мајка во комбето.

За среќа, сето тоа било неуспешно благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“.

Мажот ѝ помогнал на жената и добил неколку удари од киднаперот. Шокантната сцена се одвиваше пред очите на многу минувачи, кои се плашеа да интервенираат и покрај вресоците на жртвата. Напаѓачите, од кои едниот очигледно го изгубил пиштолот, за кој не е јасно дали бил вистински или лажен, на крајот брзо избегале, враќајќи се во комбето.

Возилото е пронајдено на улица во истата општина во Париз. Според информациите од „Ле Паризиен“, жената е ќерка на извршниот директор на платформа за купување криптовалути.

притисни ентер