МакедонијаМицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 од БДП отсто за судиите и обвинителитеПрифатлив е процентот од 0,35 од БДП отсто за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Вели дека како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ. - Детално периодов го проучувам овој случај, вклучително делот со буџетот којшто се одвојува за судството и за Обвинителството. Дури и Венецијанската комисија има забелешки за тој член каде што се определува судскиот буџет, практично. Пред неколку дена давав посеопфатна анализа за состојбата во делот на финансирањето на правосудните системи во Европа. И од таа анализа, направена и финансирана од европска институција - тоа е Советот на Европа, за податоци од 2022, објавена 2024 година, дојдовме до заклучок дека ние како држава одвојуваме пари од буџетот за правосудниот систем повеќе од 75 проценти земји-членки на ЕУ. Ние одвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП тогаш 2022-ра, сега замислете во 2023-та и 2024-та БДП многу повеќе порасна отколку во 2022-ра. Франција е 0,2, a Германија е 0,3 од нивниот БДП. Европскиот просек отприлика е 0,3, рече Мицкоски. Според премиерот, како држава не можеме да си дозволиме зголемување од 1,3 проценти, од кои 0,8 за судови и 0,5 за обвинител од БДП. - Тоа би било негде 260 милиони долари годишно, кога тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација, бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит оваа година се консолидираме под 4 проценти, а догодина се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 4 проценти буџетски дефицит. Така што, јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или севкупно 0,35 проценти од нашиот БДП, потенцира Мицкоски. Тој повтори дека има претседатели на судови коишто имаат месечни примања од околу 180 илјади денари, околу три илјади евра месечно. - Јас како премиер, мојата плата со стажот во годините којшто го имам од претходно е 155 илјади денари, отприлика 2,5 илјади евра. Судиите немаат под 100 илјади. Судија почетник, на пример, во Македонија има бруто годишна плата околу 19 илјади и 134 евра. Во Словенија е 34 илјади евра. Значи негде околу 85 проценти повеќе во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот, што е четири пати повеќе. Така што, ние ќе направиме закон со којшто ќе дозволиме плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги одобруваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Како сакаат, како мислат, така нека прават. Ние како Влада сме одговорни пред граѓаните за што се трошат парите, рече Мицкоски. Премиерот кажа дека „малкумина го контаминираат огромното мнозинство чесни судии и обвинители“. - Ова е ставот и спремен сум политички тоа да го поднесам за оваа состојба во која што ќе бидам критикуван во извештаи во иднина, додаде Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” - Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Вели дека како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ. - Детално периодов го проучувам овој случај, вклучително делот со буџетот којшто се одвојува за судството и за Обвинителството. Дури и Венецијанската комисија има забелешки за тој член каде што се определува судскиот буџет, практично. Пред неколку дена давав посеопфатна анализа за состојбата во делот на финансирањето на правосудните системи во Европа. И од таа анализа, направена и финансирана од европска институција - тоа е Советот на Европа, за податоци од 2022, објавена 2024 година, дојдовме до заклучок дека ние како држава одвојуваме пари од буџетот за правосудниот систем повеќе од 75 проценти земји-членки на ЕУ. Ние одвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП тогаш 2022-ра, сега замислете во 2023-та и 2024-та БДП многу повеќе порасна отколку во 2022-ра. Франција е 0,2, a Германија е 0,3 од нивниот БДП. Европскиот просек отприлика е 0,3, рече Мицкоски. Според премиерот, како држава не можеме да си дозволиме зголемување од 1,3 проценти, од кои 0,8 за судови и 0,5 за обвинител од БДП. - Тоа би било негде 260 милиони долари годишно, кога тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација, бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит оваа година се консолидираме под 4 проценти, а догодина се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 4 проценти буџетски дефицит. Така што, јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или севкупно 0,35 проценти од нашиот БДП, потенцира Мицкоски. Тој повтори дека има претседатели на судови коишто имаат месечни примања од околу 180 илјади денари, околу три илјади евра месечно. - Јас како премиер, мојата плата со стажот во годините којшто го имам од претходно е 155 илјади денари, отприлика 2,5 илјади евра. Судиите немаат под 100 илјади. Судија почетник, на пример, во Македонија има бруто годишна плата околу 19 илјади и 134 евра. Во Словенија е 34 илјади евра. Значи негде околу 85 проценти повеќе во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот, што е четири пати повеќе. Така што, ние ќе направиме закон со којшто ќе дозволиме плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги одобруваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Како сакаат, како мислат, така нека прават. Ние како Влада сме одговорни пред граѓаните за што се трошат парите, рече Мицкоски. Премиерот кажа дека „малкумина го контаминираат огромното мнозинство чесни судии и обвинители“. - Ова е ставот и спремен сум политички тоа да го поднесам за оваа состојба во која што ќе бидам критикуван во извештаи во иднина, додаде Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” - Скопје. Мицкоски: Добар одзив, дури 27.000 студенти заклучно вчерашниот ден ги подигнале ваучерите за електронски уреди Исклучително добар одзив има на повикот за ваучери за студенти за електронски уреди, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме, потенцираше премиерот Мицкоски. За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, истите не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци. Мислам дека и да ги препродаде не би можело да бидат искористени, бидејќи таму се со лични податоци, така што мислам дека тие обиди се јалови, дециден е Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивциШпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса. Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид. Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец. Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година. Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства. Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот. Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37