Мицкоски: Пред два дена се исплатени 120 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека државата пред два дена веќе и исплатила сум од 120 милиони евра на компанијата изведувач на коридорите 8 и 10д.  

-Имам сигурни информации дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски на ЈПДП околу седум милијарди и 250 милиони денари тоа околу 120 милиони евра. Тие пари претпоставувам дека треба веќе да се легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови на коридорите 8 и 10д, рече Мицкоски.

Додаде дека исплатени се толку многу пари а шајка нема ставено. Мицкоски повтори дека не се против градење на коридорите, ниту против тоа компанијата да си ги брани интересите туку против распродажбата на народни и државни интереси од актулните политичари на власт.

-И за тоа ќе одговараат. Многу скоро од денеска еве јас ви ветувам дека ќе одговараат, рече лидерот на опозициската партија.

Пред два дена првите луѓе на опозициската партија ги брифираа новинарите дека дотогаш по основ на пенали и анансно плаќање од Договорот за изградба на делови од коридорите 8 и 10д со „Бенкел и Енка“ треба да платиме 301 милиони 495 илјади евра.

- Околу 173 милиони евра се обврски кои ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, трошоци за подготвка на градилиште и подготвителни работи вклучително и за менаџирање на самиот проект, а останатите се пенали заради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни часа, рече Мицкоски.

Мицкоски не очекува од ова обвинителство некаква реакција во однос на Договорот.

Повтори дека тие Договорот го добиле од свиркач, но и дека го побарале од Владата.

-Ние го побравме договорот. Велат ќе држат предавање во Парламентот, ќе го објаснеле договорот и дека на тој начин било сосема тоа доволно, рече Мицкоски.

Мицкоски: Случувањата во судскиот совет се срам, девалвирање, и вандализам на отворена сцена, процес кој што нанесува трајни штети и последици за Македонија

При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случувањата во судскиот совет истакна дека тоа е вандализам, девалвирање, багабонтство на отворена сцена и процес што ја срами Македонија и што нанесува трајни штети и последици.

„За личноста која што беше на начин променета како што беше променета нема да коментирам, тоа како став наш го знаете, од каде потекнува, како потекнува, и тоа што нејзе и се случи во ова опструирано правосудство во Македонија е само последица на тоа што она сама претставува. Но ако го коментираме самиот процес тогаш навистина тоа е еден процес на вандализам, на багабонтство и процес не само што ја срами Македонија туку е процес кој што нанесува трајна штета и последици во смисла дека оставаме лош впечаток пред нашите меѓународни партнери. Сега јас ќе ја прашам македонската јавност и ќе ја прашам владата, дали оваа штета што се одвива на отворена сцена во судскиот совет кој што треба да биде орган над сите органи практично тоа е и мајка и татко на оние кои што треба да се грижат за владеењето на правото, за борбата против криминалот и корупцијата, дали ова што таму се случува нема да нанесе трајна штета во нашите односи со ЕУ затоа што знаеме дека една од темелните вредности на ЕУ е токму владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. Гледате таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој да биде после избран за судија, таков еден срам, такво едно девалвирање, таков вандализам и багабонтство на отворена сцена Македонија не познава. Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса. Ваков еден срам што се случува тоа е невидено. Затоа велиме луѓе дајте да ставиме крај да одиме на избори, вакви сцени ќе гледаме се повеќе и повеќе, и ја повикувам и меѓународната заедница, овие луѓе што се во владата не им е гајле за народот што мисли тие тоа го кажуваат јавно, тие многу повеќе сакаат да коленичат и да веднат глава пред вас во вашите кабинети, кога го газат дебелиот килим и во Брисел и во вашите амбасади овде, кажете им да заминат така ќе го спасите и народот и државата и самите себе. Тие вас ќе ве слушаат, не го слушаат тие народот. Не се избрани тие од народот. Секогаш се поставени и октроирани таму каде што се, за да не се случи народ. Оти ако се случи народ тогаш ќе биде проблем. Заради тоа еве и до нив една порака, зарем можете да гледате и да молчите, зарем можете“ , нагласи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново електрично возило ,,Грин Машинс”од велешки БРАКО претставено во Германија

На саемот ИФАТ во Германија претставено е ново електрично возило за чистење од Македонија. 

Велешката фирма БРАКО разви нов модел на свипер, односно електрична метларка за одржување хигиена. На саемот во Минхен електричните и хидрогенските возила на БРАКО од брендот Грин Машинс го привлекоа виманието на посетителите, главно општини, специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена.

Покрај постоечките возила за чистење на електричен и водороден погон од својот бренд Грин Машинс, велешки БРАКО во Минхен претстави ново возило целосно развиено од инженерите во БРАКО. Моделот 720 ZE работи со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, има поголем контејнерски простор, 360◦ камера и помала тежина од конкурентските возила во својата категорија. Ова е осмо возило во програмата на Грин Машинс.

,, На овој саем гордо го претставуваме нашето портфолио, ја претставуваме првата електрична метларка во светот, првата метларка на хидрогенски погон, и сега нашето најново достигнување, моделот 720 ZE.

Ние сме особено горди што целиот развој на ова возило е направен во Македонија, од страна на нашиот тим од инженери. Тоа значи дека сите механички, дизајнерски и софтверски решенија се направени тому од нашиот тим”, рече Ангел Анѓушев-директор на ,,Грин Машинс’’ на БРАКО.

Во развојот свој придонес дадоа и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.

Од Грин Машинс на БРАКО сметаат дека новото возило ќе отвори нови пазари, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси. Досега македонските електрични метларки се продаваат во 60 држави и ги чистат сите светски метрополи.

Од БРАКО велат дека нивните електрични и хидрогенски возила се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција, и затоа успеваат успешно да се борат со американски, германски и француски производители. Додаваат и дека е полесно да се развие и произведе патничко возило, отколку возило за чистење - кое треба да се направи и да вози и да извршува задачи, соопштуваат од компанијата .

„Хрватска вечер“ на фестивалот „Поетски синтези - 2024“ во Битола

о рамки на 13. Меѓународен фестивал „Поетски синтези - 2024“ што беше отворен синоќа во Битола, денеска ќе се одржи „Хрватска вечер“. Промовирани ќе бидат книгите на Дарија Жилиќ, Диана Буразер, Валерио Орлиќ и Срџан Духовиќ, сите од Хрватска.

Фестивалот почна со доделување на наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна која ја доби хрватскиот поет Валерио Орлиќ, а ЗГ „Нова“ ја додели наградата „Поетски хоризонти“ на хрватската поетеса Диана Буразер за најзината книга „Рајски јаболка“ како најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението „Нова“ од Битола.

„Поетски синтези - 2024“ се одржува во Домот на културата. Го отвори претседателката на Здружението за наука и култура „Нова“ Мирјана Стојановска. Со своја поезија се претставија 15 поети од Хрватска, Италија, Црна Гора, како поети од Битола, Скопје, Гостивар и Ресен. Во музичкот дел се претставија дуото Александар Талевски на гитара и Билјана Талевска-вокал со арија од Џузепе Џордани.

Фестивалот се организира под покровителство на Министерството за култура и општина Битола. /МИА

Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите

Бесплатен влез на локалитетите Кокино и меморијален центар АСНОМ и повеќе активности за најмладите, организира НУ Музеј Куманово по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги посетат локалитетите.

- Годинашново мото за Меѓународниот ден на музеите е „Музеите за едукација и истражување“ и не се однесува само за најмладата публика, туку за сите, вклучително и возрасните кои во секојдневната динамика се чини дека се помалку имаат време да го перципираат и истражат културното наследство околу себе. Затоа ги повикувам сите љубители на културата денеска да ги посетат Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце и архео-астролошкиот локалитет Кокино, изјави директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.

НУ Музеј Куманово, претходните денови во знак на меѓународниот ден организираше неколку активности со акцент на едукација за најмладите. Вчера, беше организирана промоција на македонско-англиска едукативна читанка за деца насловена „Асномска музејска читанка“, која ја обработува темата за првото заседание на АСНОМ и процесите на формирање на модерната држава. Децата учествуваа на етнолошка работилница во лапидариумот на музејот, цртаа и од глина изработуваа етнолошки предмети мотивирани од она што може да се види на постојаната етнолошка поставка. Во просториите на постојаната музејска поставка беше одржана работилница под наслов „Археолог на еден ден“ која имаше за цел да ги едуцира најмалите што е археологија, какво е нејзиното значење и кои се убавините на оваа професија, а кој е финансиран и поддржан од Министерството за култура.

18 Мај е Меѓународен ден на музеите којшто се одбележува уште од далечната 1977 година. Вообичаено низ годините музеите ширум светот на овој ден организираат различни активности преку којшто го афирмираат овој ден и го слават културното наследство. Годинава мотото под кое се одбележува 18-ти мај е „Музеи за едукација и истражување“ и активностите се поддржани од Министерството за култура./МИА

притисни ентер