МакедонијаМицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работиЈас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права .Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари. И тоа нема никаква врска со внатрешните работи, тоа се темели исклучиво на Резолуцијата за заштита на човековите права чиј ратификатор е и нашиот источен сосед и наш партнер во НАТО, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар по реакцијата на бугарското МНР на неговата вчерашна изјава за блокадата од Бугарија во пристапувањето во ЕУ. Додаде дека навистина жали што новиот министер за надворешни работи на Бугарија заборава дека добрососедските политики се темел на една европска перпектива и дека сме партнери во најголемата заедница, алијанса во човештвото, тоа е НАТО заедницата. -Ние таму ќе продолжиме да функционираме и ние ќе останеме тука, но и нашите сограѓани ќе останат таму каде што се во Бугарија. Наша цел е да градиме добрососедски односи, но кога станува збор за вистината тогаш сме тука истата да ја коментираме и доколку промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е тоа, рече Мицкоски. Прашан за европската иднина на земјата, претседателот на Владата подвлече дека и втората стратешка цел на државата е полноправно членство во рамки на ЕУ. -Ние не сме како некои поранешни политичари и тоа да го гледаме како егзибиционизам, кариеризам и нешто што претставува сосема спротивно од очекувањата и интересите на грашаните и заштита на национачните интереси, така што македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат кон ЕУ, нешто што го очекуваме повеќе од две децении и што ќе се темели на Копенхашките критериуми, на систем базиран на заслуги и ни повеќе ни помалку што го добија сите оние земји членки што пристапија, а не на билатерализација и решавање на билатерални спорови. Не смееме да дозволиме европската иднина да биде зависна од решавање на билетарални прашања, кои немаат никаква врска со 21 век, туку се поврзани со нешто што се случувало во средниот век, подвлече премиерот Мицкоски. Тој не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на евроамбасадорот Рокас дека има засилена дипломатска активност за деблокада на пристапувањето на земјата во ЕУ. Кратко одговори дека можна деблокада може да се случи и задутре и дека тоа не зависи од нас, туку од други фактори, а новинарите за повеќе појаснувања ги упати да се обратат на евроамбасадорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНетанјаху и Ајзенкот ги почнаа преговорите за формирање влада на национално единствоИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на партијата Јашар, Гади Ајзенкот, денес започнаа состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив, каде што прво ќе добијат безбедносни информации, а потоа ќе разговараат за можноста за формирање влада на национално единство, објави денес Јашар. Партијата, исто така, изјави дека во исто време се одржува состанок меѓу претставници на Јашар и партијата Б'Јахад, предводена од Нафтали Бенет, објавува „Тајмс оф Израел“. Бенет, единствениот лидер на партијата во блокот на Ајзенкот кој се залагаше за формирање влада на национално единство со Ликуд, не се очекува на состанокот Јашар-Ликуд. Средбата следеше по вчерашното соопштение на Нетанјаху дека е подготвен, според договорот за ротација, да му ја предаде премиерската функција на Ајзенкот, а потоа да ја преземе функцијата втор премиер, по што Ајзенкот му даде на Ликуд 24 часа да постигне коалициски договор. Според израелските медиуми на хебрејски јазик, Нетанјаху бара да остане премиер одреден, засега неопределен период пред да започне ротацијата, со цел да надгледува евентуален безбедносен инцидент поврзан со Иран. Ајзенкот, според овие извештаи, цврсто го отфрлил овој услов. Тагови: Бенјамин Нетанјаху Гади Ајзенкот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗаврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себесиЖозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона. „Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој. Белингам го исклучи поради симулирање На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо. Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините. Крај на серијата од десет победи Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите. Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБорозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на МицкоскиБајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година. Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа. Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата. Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%. Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство. Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити. Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите. Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот. Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат. Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување. Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее. Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000. Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter