Мицкоски: Политиката на „Живковизмот“ за жал е сѐ уште жива кај политичарите во Софија - Канал 5

Мицкоски: Политиката на „Живковизмот“ за жал е сѐ уште жива кај политичарите во Софија

Бугарски европратеник се обидува да вметне амандан со кој македонскиот идентитет ќе го дефинира како сегашен, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент. 

Мицкоски: Политиката на „Живковизмот“ за жал е сѐ уште жива кај политичарите во Софија

Дебатата по извештајот кој го подготви известувачот Томас Вајц е закажана во среда и во него има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

-Повеќе ме загрижува обидот на еден европратеник кој доаѓа од владејачката ГЕРБ да вметне амандман во којшто македонскиот идентитет ќе го дефинира како сегашен. Со тоа јасно ја вади на површина политиката на живковизмот којашто е за жал се уште е жива кај политичарите во Софија. Ги повикувам политичарите во Брисел внимателно да слушаат какви пораки ќе доаѓаат од нивните колеги европратеници и какви пораки ќе доаѓаат од официјална Софија во 21 век и дали тоа има некаква врска со европските вредности. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Во пресрет на дебатата во Стразбур пак бугарскиот парламент едбогласно усвои резолуција поднесена од партијата „Има таков народ “ и во неа се наведува дека Бугарија стои на европскиот консензус од 2022 година и се повикуваат македонските власти да ги спроведуваат Заклучоците на Европскиот Совет, Преговарачката рамка и Протоколите. Според Мицкоски бугарските пратеници со овој потег сакале да предивикаат остра реторика во Скопје.

-Жалам што пратениците кај нашиот источен сосед се обидуваат на ваков начин да предизвикаат остра реторика од тука, ние тоа нема да го направиме. Само ќе изразиме жалење и ќе повикаме на добрососедски односи и поддршка за добриот сосед Македонија како што тоа го правеле соседите едни кон други. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Инаку на извештаојт на Вајц се поднесени вкупно 313 амандмани, најголем дел од грчки и бугарски европратеници. Десничарските грчки европратеници меѓу другото бараат и прекин на преговорите со Македонија, додека кај амандманите на бугарските европратеници доминира наметнувањето на Договорот за добрососедство и уставните измени. Премиерот Мицкоски рече дека постигнато е во извештајот јасно да се потенцира многувековниот македонски идентитет и јазик. Тој претходно ги повика сите политички чинители да се обединат во одбрана на македонските национални интереси. Претседателот на СДСМ Венко Филипче пак одговори дека почнал со разговори за извештајот за Македонија со дел од сестринските партии во Европскиот Парламент.

YouTube video

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. 

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, во мај кога се потпишуваше договорот, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. 

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

- Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп.

Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне реиндустријализацијата на САД.

Трамп вчера наведе дека од 1 август ќе стапат дополнителни царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со САД и оти повеќе нема да има одложување на мерката.

притисни ентер