Мицкоски побара оставка од Владата и најави нови протести на опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Владата, рече дека оваа власт мора да си замине затоа што година и половина ја уништува Македонија. 

Mицкоски најави протести во други градови во земјата, но и дека опозициската партија пред Владата ќе протестира секоја среда.

– Ни ветуваа пет проценти раст на БДП во програмата што ја нарекоа „Живот", пекол донесоа, темнина донесоа кај секој еден граѓанин во Република Македонија..., рече Мицкоски.

На следните избори, според Мицкоски, опозицијата ќе победи и ќе ја порази власта жестоко и ќе и го покаже местото во историјата обвинувајќи за распродажба на националните интереси и понижувања.

– После сите овие понижувања и омаловажувања што ни ги направивте овие година и половина, после сите распродажби на националните интереси, после целиот хорор којшто и го направивте на вашата татковина, се обидовте да направите Македонецот да биде рамнодушен. Но, ние тоа нема да ви го дозволиме. Ние ќе застанеме еден до еден сите заедно со сите граѓани без разлика на нација, без разлика на вера против вас и ќе ви го покажеме вашето место во историјата, на темната страна на историјата на следните предвремени или редовни парламентарни избори ќе ве поразиме жестоко, рече Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија потсети дека пред една година власта ја злоупотребила својата позиција кога на пратениците од опозицијата им беа, како што кажа, ставани лисици и се омаловажуваа пред македонската јавност.

– Кога станува збор за СДСМ одговорност нема, но ќе дојде ден кога ќе одговарате сите, рече тој, посочувајќи на убиства што се уште не се расветлени и на претресите на возилата на членови на ВМРО-ДПМНЕ и побара одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– На тој начин ли сакаат да се справат и да ја загушат опозицијата, праша Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати повик до своите сопартијци кои, како што кажа, не дошле на денешниот протест да им се придружат.

– Нашиот револт ќе биде изразен демократски, гандиевски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Нема да фарбаме, нема да кршиме., рече Мицкоски.

Повика на масовност и мобилизација, но и на чесност и принципиелност кај членството за повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт.

– Сега е тоа време, време е за акција. Ова не е битка за ден или за два, ќе трае подолго и свесен сум дека ќе се обидат со подмолни удари да не поткопаат, да не обесхрабрат. Но ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме и нема алтернатива, дури и оние новите нивни поддржувачи кои што застанаа рамо до рамо со нив од вчера, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го почна мирниот протестен марш пред седиштето на партијата.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер