Мицкоски по гласањето на извештајот на ЕП: ова е уште една неправда врз Македонија, но Бугарија е разголена пред светот - Канал 5

Мицкоски по гласањето на извештајот на ЕП: ова е уште една неправда врз Македонија, но Бугарија е разголена пред светот

Македонија на патот кон ЕУ е блокирана од Бугарија, но таа блокада не е од денес, рече Мицкоски и додаде дека македонските политичари требало да увидат дека источниот сосед имал поинаква агенда.

Мицкоски по гласањето на извештајот на ЕП: ова е уште една неправда врз Македонија, но Бугарија е разголена пред светот

Со гласањето во Европскиот Парламент вистината излезе на површина – Европа може да види со какви предизвици се соочува Македонија, порача премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако беше изгласан извештајот за напредокот на земјава од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет. Македонија на патот кон ЕУ е блокирана од Бугарија, но таа блокада не е од денес, рече Мицкоски и додаде дека македонските политичари требало да увидат дека источниот сосед имал поинаква агенда.

-Овој ден како и многу други остануваме горди и со крената глава. Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија. Но, таа блокада не почна денеска, ниту ќе заврши денеска. Таа почна во 1991 година, се случи еден гест од Бугарија на посебноста на една држава, но не се признава јазикот и народот. Бугарија ја призна нашата држава, но не и нашата нација. Требаше да видат некои политичари дека источниот сосед има поинаква агенда. И ќе остане запаметено дека извештајот помина на АФЕТ, и се најде на масата пред да помине оној срамен амандман. За првпат во независна Македонија. Што не направи Македонија, какви отстапки, какви понижувања. Наместо подадена рака, ние запаѓаме во нови кризи. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Мицкоски порача и дека земјава ќе продолжи да работи на реформите со цел приближување на Македонија кон ЕУ. Рече дека земјава посветено ќе работи со европските пријатели и низ дијалог ќе се обиде да изнајде решенија.

-Благодарност до пријателите од ЕУ, кои ни помогнавте и ни помагате, кои се уште верувате во нашите вредности како дел од Европското семејство. Нема да ве разочараме. Ќе се обидеме да ја приближиме земјата кон ЕУ, затоа што членството на мојата татковина во ЕУ не е само цел, тоа е потреба, но заедничка потреба. Борбата е и ќе биде тешка, но јас сум подготвен. Ние сме малубројна земја, но со големо срце. Најавувам низа активности и очекувам сојузништво дека со МАНУ, партиите од другите етнички заедници, опозициската СДСМ и другите кои сакаат да помогнат, и да покажеме на светот дека сме тука и дека се уште стоиме и после се. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Кога Бугарија ке чочне да не почитува ке стане нашиот најдобар сосед, дотѕогаш ке зборуваме со јазикот на аргументиѕте кажа мицкоски и порача дека македонкија нема да отстапи од националните интереси и нема да се дозволи ново предавство

Во своето обраќање од партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ, премиерот Мицкоски додаде и дека државата, од независноста до денес, направила бројни отстапки и помирувања, но и дека вистинскиот проблем е што нејзините лидери со децении не воделе сметка за националниот интерес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Скапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild).

Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри.

„Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“.

Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри.

Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6.

Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години.

Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот.

„Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)

13-годишно девојче загина во близина на Ашафенбург откако било удрено од возач кој бегал од полицијата.

13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)

Според весникот „Билд“, мажот се обидел да избегне полициска контрола бидејќи на неговиот автомобил од марката „Мицубиши“ имало украдени регистарски таблички.

YouTube video

Детали за полициската потера

Според полицискиот извештај, за време на бегството, возачот возел со голема брзина по тротоарот, удрил во две други возила, а потоа и во девојчето. Од силината на ударот, таа била отфрлена зад една жива ограда. Пожарникарите ја пронашле без знаци на живот, а и покрај напорите на итните служби да ја спасат, таа им подлегнала на повредите. Во инцидентот се повредени уште две лица.

Возачот и сопатникот се приведени

Полицијата ги уапсила 32-годишниот возач и неговиот 34-годишен сопатник. Одделот за криминалистички истраги спроведува истрага за да се утврдат сите околности поврзани со настанот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер