Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција - Канал 5

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција .

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.

Во однос на изградбата на интерконекторот за гас со Грција, премиерот Мицкоски појасни дека на минатата влада и бил оставен завршен проект со потпишани договори, обезбедено финансирање, проектирање, но по 7 години тие ништо не направиле освен тендер со основ за корупција кој го довел во прашање финансирањето на истиот.

„Заемодавателите рекоа дека не го финансираат затоа што во тендерската документација има делови кои укажуваат на корупција и рекоа дека се повлекуваат или да се коригира тендерската документација да почне од почеток. Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат. Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Ние ја коригиравме тендерската документација, ја објавивме, избравме изведувачи, пративме до заемодавателите и тие дадоа зелено светло“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.

„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен. И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Очекувам крајот 2026 година или почетокот на 2027 година, овој да биде функционален и поврзан со националниот гасовод на Македонија. Тоа е сериозна работа, бидејќи ќе може да се донесат нови количини за новите гасни централи кои ги планираме во Скопје, но и низ државата. Енергетската независност не е само со овој интерконектор, туку продолжуваме да ја градиме бидејќи тоа е архитектура за иднината на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека се почнува и со многу значаен проект, а тоа е ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш кој годишно со максимален капацитет ќе произведува 1 терават час електрична енергија, тоа е околу 20% од денешно планирано производство на АД ЕСМ и за прав пат оваа година се очекува да заврши годината со резултат еднаков на нула, односно ќе произведеме онолку колку ќе потрошиме.

„Се разбира ќе има периоди од годината кога ќе увезуваме, тоа е најчесто зимно, ќе има и кога ќе извезуваме, но на крајот на годината за прв па ќе бидеме нула, нема да бидеме увозно зависна, а потоа откако ќе бидат пуштени првите количини ќе бидеме извозник, што е историски показател, ќе имаме вишок на електрична енергија и тоа ќе влијае и во финансиските биланси и во БДП“, изјави премиерот Мицкоски.

Воедно, премиерот Мицкоски додаде дека со Косово обезбедуваме околу милион тони јаглен кој понатаму ќе се плати со струја, а не како порано со тендери, високи цени, броење кеш, сега е поразлично и прашање е зошто порано се плаќал јагленот поскапо од сега и каде одела таа разлика, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)

Жителите на комплексот Инфиниум Флетс во Индија се соочија со сериозен проблем откако агресивен мајмун нападна жена пред нејзиниот дом на 13 ноември, каснувајќи ја повеќе пати.

Мајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)

Жртвата претрпе сериозни повреди, додека снимките од безбедносните камери ги забележаа драматичните моменти и предизвикаа страв кај другите жители.

Повреди на телото

Вознемирувачката снимка го прикажува дивото животно како одеднаш ја напаѓа жената, која не направи ништо за да го испровоцира. Мајмунот ја каснува повеќе пати, додека таа вреска и се обидува да се одбрани.

Таа претрпе длабоки повреди на телото, поради што веднаш беше однесена во блиската болница, каде што доби медицинска помош, објавува Дејли Стар.

Жителите велат дека веќе некое време се справуваат со мајмуни во комплексот, а најновиот напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на жителите.

Сериозен проблем

Снимката оттогаш се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни дискусии за присуството на мајмуни во станбените области.

Соседите велат дека нападот толку многу ги исплашил луѓето што жените и малите деца сега се плашат да ги напуштат своите домови. Според нив, зголеменото присуство на мајмуни во урбаните средини стана сериозен проблем, но властите сè уште не презеле никакви конкретни чекори за да го решат. Агресивниот мајмун подоцна бил фатен од службеници на Шумскиот оддел, што исто така било снимено со камера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум.

Лагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман.

Кога беше прашана за можноста да го преземе раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот на „Њујорк тајмс Дилбух лист“ изјави дека тоа е „една од можностите“, пренесува „Блумберг“.

Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира.

Зборувајќи за нејзиниот иден јавен ангажман, Лагард нагласи дека мора да ја задржи политичката неутралност додека ја води ЕЦБ, особено со оглед на бројните избори што се очекуваат во Европа.

Се очекува дека по напуштањето на централната банка, таа би можела поотворено да зборува за политичката и економската состојба во Франција, чии буџетски проблеми и политичкиот застој во последните месеци придонесоа за притисок врз пазарот на државни обврзници, според агенцијата Њујорк.

„Сметам дека е моја должност да разјаснам работи, да исправам неточни изјави и да зборувам од искуството што го стекнав“, рече Лагард.

Таа претходно ги отфрли шпекулациите дека би можела да се кандидира за наследник на Емануел Макрон на функцијата претседател на Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Швеѓанецот Ларс Ериксон (55) ја изгуби работата минатиот месец откако беше откриено дека се појавил во филм за возрасни. Тој тврди дека филмот е направен пред да влезе во политиката!

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Ериксон глуми во порнографски филмови од 2018 година, истата година кога го напушти Риксдаг, шведскиот парламент, објави Дејли Меил.

Сепак, неговата кариера како порно актер излезе на виделина откако Ериксон беше идентификуван во два филма за возрасни, кои беа објавени во 2025 година и во октомври оваа година, додека беше претседател на општинскиот совет на Јокмок во шведска Лапонија, според локалните медиуми.

Според извештаите, тој бил отпуштен на 19 октомври, а бил вратен на работа една недела подоцна, но без овластувања врз вработените, финансиите и буџетот на општината.

Ериксон тврди дека филмовите, снимени во Соединетите Држави, се направени пред тој да стане градоначалник на Јокмок и дека неговиот последен контакт со порно индустријата бил во 2022 година.

Тој глумел во филмовите под псевдонимот „Ханс“ и се појавил пред камерата во филмот, кој беше објавен во октомври.

Ериксон претходно беше пратеник од Социјалдемократската партија за изборната единица Вестманланд, која се наоѓа во близина на Стокхолм, во шведскиот национален парламент.

Истрагата на шведската телевизија SVT откри дека филмовите биле промовирани преку сметка на социјалната мрежа X до минатиот месец.

Сепак, Ериксон изјави за шведскиот медиум дека немал влијание врз тоа кога филмовите ќе бидат објавени и дека не ја управувал сметката, додавајќи дека таа била управувана во име на дистрибутерот.

„Со оглед на тоа што ова е легална, иако табу, активност што е завршена повеќе од две години пред да бидам подобен за вршење функција во општинската власт, тешко ми е да видам какво влијание би можело да има ова“, рече тој.

Ериксон е претседател на општинскиот совет и градоначалник на Јокмок од февруари 2024 година, но објавено е дека ќе биде разрешен од функцијата општински лидер, според весникот „Афтонбладет“, и покрај тоа што беше вратен на работа една недела по неговото првично разрешување.

Тој ќе добие пакет отпремнина еквивалентен на седум месечни плати.

Трудовата комисија на Јокмок ја оправда одлуката за отпуштање на Ериксон велејќи дека порнографските филмови претставуваат потенцијален безбедносен ризик, бидејќи криминалците би можеле да ги искористат за да го уценуваат поранешниот претседател на општинскиот совет.

Општинскиот советник Роланд Боман наведе „безбедносни причини“ кога беше прашан за одлуката на SVT. Боман тврдеше дека верува оти Ериксон не ја информирал општината за својата кариера во порно индустријата.

„Самата општина е од голем интерес за странските сили, а јас првенствено мислам на Русија. Да се ​​има таков фактор на ранливост во општина што е од големо значење од гледна точка на безбедносната политика не е оптимално, но тоа е нешто што општината би морала да го реши и отстрани“, рече Оле Лундин, професор по административно право на Универзитетот во Упсала.

Сепак, Ериксон одговори дека обидот да ја искористи својата порно кариера како средство за уцена би бил „бесмислен“, бидејќи бил отворен во одговарањето на прашања од шведските медиуми кога бил замолен за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер