МакедонијаМицкоски откри нови детали за објектот кој го купи партијата ЛевицаДеловниот простор кој го купила политичката партија Левица се споменува и во исказите во судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во делот за обвинетиот Љупчо Палевски –Палчо.Деловниот простор кој го купила политичката партија Левица се споменува и во исказите во судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во делот за обвинетиот Љупчо Палевски –Палче, кој се среќавал со членови на неговата партија Десна, откри денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски од говорницата во македонското Собрание, кој одговараше на прашање на пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО ДПМНЕ за партијата Левица, за тоа дека свесно го изигрувала законот и недостасувале анкетни листови. -Ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Палевски-Палчо и сведочењата таму ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот „Опера хаус“, а објектот „Опера хаус“ е токму овој објект, за кој што денеска Левица тврди дека е подрум или сутерен или мезанин или високо презимје, како сакате да го наречете и каде што е регистриран новиот Павиљон, кафич или како и да го нарекувате, не знам. За другите детали нема да зборувам се надевам дека ќе има и други пратенички прашања, собраниски седници, се надевам дека ќе ме почестат со нивното присуство. Јас сум подготвен на македонската јавност и на подржувачите на Левица да им разоткријам дека не е баш така, како што некој сака да ги прикаже работите, рече Мицкоски. Тој истакна дека партијата Левица не купила подрум, туку и приземје, со прикажување на фотографии откри дека станува збор за објект, кој има и приземје, кое е три метри над земјата. -Не ќе да е само подрум, да висок подрум. Сутерен, не ќе да е само подрум е сега до каде оди целата работа, на ова место коешто не ќе да е подрум или висок подрум, над земја три метри е регистриран локал. Локал, односно Друштво за угостителство и услуги, Павиљон 36 ДОЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса, каде што се наоѓа подрумот или сутеренот, дури си направиле и профили за локалот, прилично слични на една политичка партија, по Фејсбук, по социјалните медиуми ќе ги сретнете овие профили, еве македонската јавноста да види за што станува збор, вели Мицкоски. Претседателот на Владата од говорницата во македонското Собрание рече и дека кога малку ќе се истражи и ќе се извади тековната состојба партијата Левица има уплатено 5.000 евра во кеш за регистрирањето на Друштво за угостителство и услуги Павиљон 36 ДОЕЛ Скопје, а кое што е регистрирано, како што додаде „случајно или не знам како на истата адреса, каде што е подрумот, односно високиот подрум се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски“. Тој додава дека лицето Зоран Ивановски се јавува како управител и менаџер на оваа фирма, која што освен што се бави со дејност ресторани има и дејност на интернетски портали, кое е подружница. -Претпоставувам сега се прашувате кој е лицето, за коешто зборував Зоран Ивановски, само треба да го извадите списокот од Претседателството на Левица и ќе го видите под реден број 32 или пак Управниот одбор на Скопски Водовод, а ако не е тоа доволно ќе ги најдете на интернет овие слики, веднаш позади претседателот на политичката партија Левица. Еве како се трошат парите на членовите на политичката партија Левица, еве ги, рече Мицкоски. Тој додаде дека ова го зборува, затоа што со дејствувањето на неколкумина и какошто ги нарече скапо платени така наречени Левичари во Парламентот, а сега и могули во кафе баровите се нанесува трајна штета на ткивото на македонскиот идентитет. -Трајна штетата, затоа што тие удираат директно со поделбата во ткивото на македонскиот идентитет. Затоа мојата порака е до секој еден, којшто утре ќе се размисли дали да заокружи за оваа политичка партија, да размисли затоа што на тој начин, ајде што се богатат на неговиот грб, тоа е веќе до моралниот капацитет, туку тоа што го дели македонскиот идентитет во моменти кога треба да биде обединет и заедно, истакна Мицкоски од говорницата на Собранието на Република Македонија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 годинаВладата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година. Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата. Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво. Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски. Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурски милионер е пронајден мртов во својот автомобил- во игра се десетици милијарди долари (ВИДЕО)Турскиот бизнисмен Али Емре Бали (46), чие име беше на радарот на голема истрага за измама на пазарот на инвестициски фондови во последните недели, беше пронајден мртов во својот автомобил во Истанбул. Неговата смрт се случи истиот ден кога компанијата што ја водеше не изврши исплата на инвеститорите, што дополнително привлече внимание од јавноста, пишува порталот Sozcu.com.tr. Бали беше пронајден во возило во областа Чекмекој на 6 октомври, а случајот го истражува Јавното обвинителство во Истанбул. Обвинителството соопшти дека веднаш почнале да собираат сите докази и дека истрагата е во тек. Сè уште не е официјално објавено дали станува збор за самоубиство или за друга причина за смрт, поради што околностите на случајот остануваат под истрага. Бали беше претседател на одборот на директори на „Адил Варлик Јонетим“, како и еден од најистакнатите луѓе во турскиот финансиски сектор. Неговото име се појави за време на голема истрага за инвестициски фондови, во која турските власти наредија ликвидација на 131 фонд. Кризата погоди повеќе од 450.000 инвеститори, додека вредноста на средствата во фондовите достигна околу 20 милијарди долари. Обвинителството покрена постапка против неколку стотици лица под сомнение за манипулација на пазарот и неправилности во работењето на фондовите. Компанијата на Бали, Адил Варлик Јонетим, требаше да отплати долг за еден од финансиските инструменти на 6 октомври. Според официјалното известување, исплатата на главницата и купонот не е извршена бидејќи компанијата не ги префрлила потребните пари во системот. Вкупниот износ споменат во турските извештаи изнесуваше околу 615,9 милиони турски лири (околу 11 милиони евра), или околу 500 милиони лири (околу 9.000.000 евра) главница и уште околу 115,9 милиони лири (околу 2.000.000 евра) за возврат. Сепак, засега нема официјална потврда дека постои каква било врска помеѓу неуспешното плаќање и смртта на Бали. Претседателот Ердоган се вклучува во решавањето на кризата Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, директно се вклучи во решавањето на кризата, претседавајќи со состанок со економскиот тим на владата и раководителите на клучните финансиски институции на 29 септември. На состанокот се согласи да се формира Координациски одбор на фондовите, предводен од потпретседателот Џевдет Јилмаз, кој треба да го координира процесот на ликвидација на проблематичните фондови и исплата на инвеститорите. Ердоган даде приоритет на заштитата на правата на инвеститорите и вршењето на плаќањата што е можно пофер и поскоро. Ердоган, исто така, му наложи на Државниот надзорен одбор (ДДК) да ги испита работењето на инвестициските фондови и начинот на кој институциите го надгледуваа пазарот. Целта беше, покрај решавањето на тековната криза, да се утврди дали имало некакви пропусти во надзорот и да се заострат правилата за да не се повтори сличен случај. Неколку дена подоцна, Координацискиот одбор на фондовите разговараше за специфичниот распоред на плаќања на инвеститорите и измените на законот за пазарот на капитал. Тагови: автомобил мртов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
Шоу бизМајкл Даглас открива што му рекла Шерон Стоун додека снимале жешка сцена (ФОТО)Мајкл Даглас во своите нови мемоари откри досега непознати детали за снимањето на една од неговите најконтроверзни улоги. Станува збор за еротскиот трилер од 1992 година „Сурови страсти“, во кој глумеше заедно со Шерон Стоун. Филмот беше огромен комерцијален успех, но предизвика многу контроверзии поради експлицитното насилство, сцените со секс и голотијата. Снимање без дублер Даглас, кој сега има 82 години, опишува во своите мемоари „Едно пеколно возење“ како Шерон Стоун добила осип на горниот дел од бутот за време на снимањето на интимна сцена. Експлицитните сцени се снимале пет дена, а актерите однапред се договориле да не користат дублери за сцените со голотија. „На почетокот на снимањето, Шерон носеше мала заштита над нејзината интимна област, доволно за да одржи барем малку приватност. Но, на крајот реши да ја соблече и рече: „Ајде да престанеме да се преправаме. Гола сум, сите го знаеме тоа. Ајде да одиме“, пишува Даглас. Актерот нагласува дека тој и Стоун всушност немале секс за време на снимањето, иако сцената морала да изгледа веродостојно. „Без оглед на тоа како изгледа сцената во филмот, можам да ве уверам дека Шерон и јас не бевме навистина интимни“, напишал тој. Додаде дека во еден момент морал да го приближи лицето до многу чувствителни делови од нејзиното тело бидејќи неговиот лик изведувал орален секс. „По неколку повторувања, Шерон ми рече: „Те молам биди понежен. Брадата ме гребна!“ Даглас тврди дека тогаш подетално погледнал и забележал дека нејзините бутови се целосно црвени и иритирани. Ова, вели тој, го натерало да се чувствува ужасно. Култна сцена со полициско испрашување За улогата во „Сурови страсти“, Даглас ослабел 11 килограми, но им ставил до знаење на продуцентите дека нема намера целосно да се соблече. Шерон Стоун, од друга страна, денес ја сними иконската сцена со полициско испрашување во која ги прекрстува нозете во краток фустан и открива дека не носи долна облека.Тагови: Мајкл Даглас шерон стоун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook