Мицкоски од Велес: Која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која партија соработувала?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски на средбата со граѓаните посебен акцент стави на криминалиите и корупцијата кои што ги прави актуелното раководство на СДСМ и Зоран Заев, нарекувајќи ги кадри од минатото кои се поврзани со транзицијата користејќи ги истите трикови и ниски страсти без да понудат нешто ново на граѓаните.

Тој побара одговор од страна на министерот за внатрешни работи и вицепремиер во владата на СДСМ Оливер Спасовски да каже која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која политичка партија истата соработувала, се со цел Стево Пендаровски да не се чувствува небезбеден.

,,Го слушаме вчера на емисија се пењави, се препелка човекот не е во негова кожа, вели ме следеле странски служби, блиски до најголемата опозициска партија. Човекот се чувствувал небезбеден. Еве овде од Велес да го прашам Оливер Спасовски, вицепремиерот и несуден кандидат за претседател поддржан од СДСМ, не знае човек дали тоа е добра или лоша карактеристика во овој момент. Но, во овој момент тој е вицепремиер во Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи да кажа дали Стево Пендаровски е безбеден или не е безбеден. Еве нека одговори да видиме дали тој е безбеден или не е безбеден. Ако е безбеден да го демантира, а ако е небезбеден да каже кој тоа Стево Пендаровски го следи, која е таа тајна служба и со која опозициона партија таа тајна служба е блиска, кажа Мицкоски.

Вкупно 23 мигранти се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Околу 23 мигранти се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис кон Италија, соопшти денеска Националната гарда.

Од Националната гарда посочија дека распоредиле спасувачки единици и ја информирале морнарицата да помогне во потрагата по исчезнатите.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток со надеж за подобар живот во Европа./МИА

Во Англија на фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност.

Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар.

Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.

- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.

Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите. /МИА

Научната фела бара стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти

Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит на патолози, се поголем број млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без кадар.

Доктор Џенгис Јашар како патолог, кој учествува на дводневната студентска конференција на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип посочува дека е дефицитарен и кадарот, кога се во прашање и микробиологијата, биохемијата и слично. Смета дека ова се должи на тоа што за студентите не се атрактивни одредени медицинки гранки од една страна, а од друга страна нема начин и мотивација, како да бидат интересни со што младите ќе ги изберат и ќе останат да работат во државата.

-Дел од гранките во медицината, ќе ја вклучам тука и миктобиологијата, биохемијата во оваа средина не се доволно ценети и не се атрактивни. Во последно време има голем дефицит на педијатри, гинеколози, поедини интернистички гранки и слично. Во суштина со тек на време дефициентните гранки ќе бидат се позастапени, вели Јашар.

Универзитетскиот професор на Факултетот за медицински науки, Билјана Ефтимова вели дека во болниците недостигаат и анестезиолози, бидејќи се помалку ова како гранка е атрактивно за младите. Сепак, има и такви кои ја бираат и добиваат мотив за да продолжат понатаму, бидејќи станува збор за тешка и одговорна медицинска гранка.

-Јас мислам дека тие вака им е интересно и сами се мотивираат во операциската сала. Голем дел од студентите сакаат да бираат теми од нашата област и ги менторираме нив и стимулираме да ја одберат како гранка иако е многу тешка, вели Ефтимова.

Факултетот за медицински науки при УГД Штип има три студиски програми и околку 3000 активни студенти. Лекари, професори и студенти веќе два дена се дел од третиот студентски конгрес.

притисни ентер