Мицкоски од Куманово: Владата креира лажна слика за економијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата, се наведува во партиското соопштение. 

Мицкоски пред присутните истакна дека во моментот граѓаните се соочуваат со голем притисок и уцени од страна на актуелното раководства на владата на СДСМ и Заев нарекувајќи ги непотистичка и криминална влада. Според него нервозата кај Зоран Заев е поради стравот од губење на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април.

Од 21 април и формално отпочнува одбројувањето кога Зоран Заев практично и СДСМ ќе заминат во политичката историја. Затоа на 21 април ни е од исклучително значење за да можеме да ја вратиме Македонија онаму каде што припаѓа а тоа е на вистинскиот колосек, а не на колосекот кој што ја движи државата во бездна, вели претседателот Мицкоски.

Според Мицкоски целосен крах се случува не само на политички план, туку и на економски, потенцирајќи дека за жал граѓаните живеат во беда и сиромаштија поради неспособноста на криминалната влада на Заев и СДСМ.

Претседателот Мицкоски рече дека со победа на претседателските избори, ќе се отвори патот ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени парламентарни избори каде што пред граѓаните нема да ветуваат брда и долини туку реални проекти кои што ќе ги решат проблемите на граѓаните.

Нема од една страна да ги зголемуваме даноците, а од друга страна да креираме лажна надеж меѓу нашите граѓани, дека само што не дошол еден голем германски гигант да инвестира во Македонија. Не доаѓа тој со зголемени даноци. Нема да шетаме и да ги газиме дебелите килими по светските метрополи на балови, додека народот во државата едвај први со први скрпува. Немаме фирми, немаме семејни бизниси, немаме октоподи во рамките на семејството, имаме желба како Македонија да ја направиме честита, принципиелна, искрена и држава која што ќе се темели на вредности.Тоа е нашиот завет пред луѓето, нагласи Мицкоски.

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“.

- Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, ние не му веруваме на (рускиот претседател Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, кој гарантира дека Русија нема да ја искористи можноста да донесе трупи на нашата територија, посочи Зеленски.

Макрон се залага за примирје ширум светот за време на Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

Зеленски во интервјуто за АФП наведе и дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.

- Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.

Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје. Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.

- Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто се осврна и на тоа со колкава воена опрема располага Украина. Тој истакна дека Украина бара од 120 до 130 авиони ловци Ф-16 за да може да го одбрани небото од 300 руски авиони.

- Ни треба толкав број на Ф-16 за да имаме рамнотежа на силите. Украина има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и има потреба од 120 до 130 ловци Ф-16 за да се стави крај на доминацијата на Русија во воздухот, потенцира Зеленски. /МИА

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

притисни ентер