Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
МакедонијаМицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“.,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. ,,На овие избори би се задржал на оние прогнози кои што ги имавме пред да почне кампањата и чувствувам дека довербата кај граѓаните е таа која што ја имаме, и чувствувам дека бројките ќе бидат тие кои што ги кажав. Тоа е очекувана варијанта. Има и оптимистичка варијанта, која што дел од моите соработници ме убедуваат дека ќе се случи дека ќе бидеме над 50 градоначалници, но еве би се задржал до онаа моја проценка помеѓу 45-50 градоначалници“. Мицкоски истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори е со јасно дефинирани цели и проекти, додека опозициската СДСМ уште од првиот ден води црна кампања. ,,Таа понуда која што ја презентиравме на овие избори е со јасно дефинирани цели со проекти со термини, вредности итн. Од другата страна имавме исклучиво негативна и црна кампања, ad hominem напади, ниски страсти итн. Јас ниту во еден момент не навредив во оваа кампања никого, а за себе читав би било штосно во оваа кампања да ме најдат на парчиња спакуван во оној куфер што го најдоа во близината на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за којшто постоеше основано сомневање бидејќи имаше пријава за подметната бомба. Тоа е од новинар кој што важи близок до СДСМ, кое што ова раководство и одредени веб портали блиски до СДСМ го цитираат и го објавуваат. Вие да кажете дека не ме мразите туку ме презирате, што би требало да е ниво над мразење, навистина чудна некоја реторика, не личи на човек кој што е редовен професор“, посочи Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook