Тој денеска од Гостивар нагласи дека нема да го прифати предлогот на премиерот Заев за предвремени избори без техничка влада, односно ништо што е надвор од законските прописи.
Лидерот на ДУИ Ахмети рече дека понудата за предвремени избори во моментов се најдоброто решение.
“Мислам дека е морален акт. Повторно ќе кажам дека вината не е кај земјите - аспиранти. Најдоброто решение е пред граѓаните да се даде нова понуда”, вели Ахмети.
Предлогот за предвремени избори беше поздравен и од албанскиот опозициски блок. Портпаролот на Алијансата за Албанците Флакрон Беџети рече дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес
“Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политичките противници и ќе им дадеме нова надеж на гласачите, особено Албанците, оставајќи го настрана политичкиот монизам предводен од ДУИ веќе две децении“, вели Беџети.
Неуспехот за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ целосно ја делегитимираше владата, поради што предвремените парламентарни избори се најдобрата опција, велат од Движењето БЕСА. Од партијата ја отфрлаат можноста за коалиција со ДУИ, велат дека се отворени да разговараат за изборна коалиција само со опозициони политички структури на Албанците во државата.