Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар - Канал 5

Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар

Од македонската влада велат дека внимателно ја следат ситуацијата со цените на горивата на светските берзи... 

Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар

Намалување на цената на бензините и иста цена или минимално покачување на дизелот. Ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски запрашан за состојбите со нафтените деривати, чии цени во изминатиот период варираа поради воениот конфликт на Блискиот Исток.

Премиерот рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат, а потрошувачката во пограничните делови од државата е зголемена и конзумот сега е поголем – околу 200 илјади литри дневно.

Потегот наиде на критики од опозициската СДСМ. Според нив граѓаните не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати, поради тоа што и покрај намалувањето цените пораснале.

Владата минатата недела прогласи 30 дневна кризна состојаба и го намали ДДВто на горивата од 18 на 10 %, што директно влијаеше врз цената, по што со понеделничката одлука на РКЕ бенизните останаа со иста цена а дизелот наместо за 10,5 се зголеми за 3,5 денари по литар...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хет-трик на Меси за историја на стартот на Аргентина на СП2026

Бранителот на тронот Аргентина со лесна победа над Алжир  со хет трикот на волшебникот Лео Меси за историја го започна настапот на 23 Светски фудбалски шампионат 

Хет-трик на Меси за историја на стартот на Аргентина на СП2026

Аргентина на убедлив начин ја почна одбраната на светската титула, откако славеше со 3:0 против Алжир, а во центарот на вниманието повторно беше легендарниот Лионел Меси.

Триесет и осумгодишниот капитен постигна хет-трик и го израмни рекордот на Германецот Мирослав Клозе како најдобар стрелец во историјата на светските првенства со вкупно 16 погодоци.

На другите две средби од утринската мундијалска програма Халанд ја водеше Норвешка до сигурна победа над Ирак од 4-1 , а Австрија беше подобра од Јордан со 3-1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 17. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 17. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 17. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Абдулади Вејсели

 Петар Арсовски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер