Мицкоски: Набавката на уредите за читање отпечатоци од прст е огромен чекор кон демократијата - Канал 5

Мицкоски: Набавката на уредите за читање отпечатоци од прст е огромен чекор кон демократијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди на можни злоупотреби и предизборен поткуп со пакети за помош, од како што тврди, кандидати за градоначалници на СДСМ и министерството за труд и социјална политика.

Мицкоски: Набавката на уредите за читање отпечатоци од прст е огромен чекор кон демократијата

Набавката на уреди за читање отпечатоци од прст за гласање е огромен чекор кон демократијата и на овој начин конечно се става крај на сомнежите за семејно или групно гласање, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако вчера од ДИК потврдија дека апаратите дефинитивно ќе се набават од германската компанија „Дермалог“, која Мицкоски ја оцени како реномирана меѓународна корпорација.

Според него освен што гласањето со фингер принтови ќе биде доказ за „еден човек-еден глас“ , тие ќе дадат и многу јасен одговор на претсојниот попис, колку луѓе денес има во државата, без да има какви било обиди за политичка манипулација и злоупотреба. Мицкоски очекува МВР во најскоро време да го заврши процесот со кој базата на податоци на граѓаните ќе ги стави на располагање на ДИК.

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди на можни злоупотреби и предизборен поткуп со пакети за помош, од како што тврди, кандидати за градоначалници на СДСМ и министерството за труд и социјална политика.

- Терминалите за отчитување на прст се огромен чекор кон демократијата, барање на опозицијата, конечно ќе имаме таква апликација, но ја повикувам и меѓународната заедница директно да се вклучи во мониторирање на локалните избори, бидејќи поткупот, заканите, притисоците веќе започнаа, она што заплашува и загрижува е што име и логоа на меѓународни финасиски институции стојат на тие пакети којшто ги злоупотребуваат функционерите од власта и кандидатите за градоначалници од власта. Јас и во текот на вчерашниот ден објавив докази во две општини, а тоа е скопско Шуто Оризари и Ново Село во близина на границата со Бугарија, како високи фукционери на СДСМ, градоначалници, ја злоупотребуваат помошта којашто е добиена, но и кредитот од Светска Банка и заедно со МТСП, што преставува брутално партизирање на државата, ги делеа овие пакети во обид за поткуп и гласови за следните локални избори, изјави Мицкоски.

Од МТСП целосно ги демантираат тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека хигиенските пакети што за ранливите категории граѓани се обезбедени преку Проект за итно справување со КОВИД 19 поддржан од Светската Банка, се злоупотребуваат за политички цели.

- Не се точни информациите дека испораката на пакетите ја вршат актуелни градоначалници во функција на локалните избори. Напротив, испораката на пакетите ја врши единствено Црвениот крст на Република С. Македонија, со кого Министерството за труд и социјална политика на 10.06.2021 година потпиша договор за набавка и испорака на 55.488 хигиенски пакети на семејства кои се во социјален ризик/со ниски приходи (приматели на гарантирана минимална помош, на образовен додаток, на детски додаток и на социјална сигурност за стари лица). Целосната испораката на овие пакети, како што беше и најавено, се очекува да се реализира до крај на август 2021 година, велат од министерството за труд и социјала.

Собранискиот спикер Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори кои треба да се одржат на 17 октомври. Останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила во Изборниот законик, иако Џафери не очекува дека сега некој ќе иницира измени, а Мицкоски денеска потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати предлозите што ќе ги договори владејачката коалиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Нема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. 

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија.

По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија.

Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата.

Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот.

Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз.

Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ.

Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ.

Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето.

Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија.

Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашања

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. 

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашања

Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата.

Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците.

И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер