Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината - Канал 5

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод првиот училишен ден.

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел.

„Добар ден и од мене.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да им посакам на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства. Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашто, се разбира, ќе има многу предизвици. За жал, животот не е она што најчесто се гледа по социјалните медиуми — „Инстаграм“, „Тикток“ и слично, туку напротив, животот има многу предизвици. Тие предизвици треба да се решаваат, тие предизвици ќе треба да се совладуваат сами или заедно со своите родители, заедно со своите другари и другарки, се разбира, во училиштата. Така што, еве една нова страница во нивните животи, а на сите ученици во основните и средните училишта низ државата им посакувам успешна учебна година, да стекнат нови знаења и тие знаења понатаму низ пракса и низ работа да ги применат во сопствената татковина Македонија.

Ви благодарам.“- изјави Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. 

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со камери во училиштата во Албанија против насилство

20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.

Со камери во училиштата во Албанија против насилство

Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер