МакедонијаАктивни се два пожари во Сарај и штипскиот регионДва пожари се се уште активни, четири се ставени под конторла, 20 се целосно изгаснати, објаснуваат од Центарот за управување со кризи.Активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај. Пожар има и во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација. Четири пожари се под контрола. Во Македонски Брод, во близина на селата Битово, Заград и Страјане, пожарот зафатил нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Под контрола е и пожарот на градската депонија „Острец“ во Делчево.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ТенисТенисерот Вавринка заминува во пензијаШвајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк. Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот. „Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.Тагови: Вавринка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСо камери во училиштата во Албанија против насилство20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27